Connect with us

Останато

Најпознатото јаболко „Apple” стана највредната компанија во светот

Објавено

на

Саудискиот државен нафтен гигант „Saudi Aramko” повеќе не е највредната компанија во светот, бидејќи мораше таа титула да ја препушти на американски „Apple”.

По најновиот раст на акциите,  во петокот „Apple” стана компанија со најголема пазарна вредност.

Во петокот акциите на „Apple” пораснаа за 10,47 проценти, со што пазарната вредност на компанијата достигна 1,84 трилиони долари.

Саудискиот државен нафтен гигант „Saudi Aramko”, која е највредната компанија откако излезе во јавноста минатата година, сега има вредност од 1,76 трилиони долари.

Големата заработка на „Apple” во третиот фискален квартал, објавена во четвртокот, ја зголеми цената на акциите.

Компанијата се опорави од падот што го доживеа во март за време на пандемијата. Акциите се зголемија за повеќе од 44 проценти оваа година, пренесува „Бизнисинфо”.

„И покрај ударот што го доживеа поради пандемијата на Ковид-19, „Apple” ги зголеми приходите во секој сегмент и во секој дел од светот“, напиша банкарскиот аналитичар Морган Стенли во својот извештај.

Останато

Хрватски државјанин измамил илјадници српски претприемачи, но не може да биде казнет!?

Објавено

на

Писма и уплатници што деновиве пристигнуваат на адресите на многу компании во Србија, во кои се бара плаќање за одреден деловен регистар до 15.000 динари, испраќа компанијата зад кој стои Кристијан Грубишиќ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Банките перат валкани пари и никому ништо

Објавено

на

Преку најголемите банки веројатно се испрани две милијарди сомнителни долари, пишува главната уредничка на „DW”, Мануела Каспер-Клериџ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Објавено

на

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност. Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба реализација, тие средства да се усмерат кон вистинските позиции каде има поголем учинок. Ребалансот на буџетот е во тек, а средствата од позициите со помала реализација ќе се насочат кон новиот пакет мерки, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно