Криптовалути
Најпознатата криптовалута биткоин ќе достигне вредност од 100.000 долари до крајот на годината?


Компанијата „Tesla“ купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а Брендон Минц извршен директор на „Биткоин депото“, верува дека ова ќе ги охрабри и другите компании да вложуваат во биткоини.
Тој дури изјави дека биткоинот ќе достигне цена од дури 100.000 долари до крајот на тековнава година.
За Минц, Илон Маск го премести само првото домино по ред што ќе „лансира“ биткоин оваа година и пошироко.
Во понеделникот, „Tesla“ објави информација за набавка на биткоин, прва компанија со таа големина. Биткоинот порасна за 22 проценти во рок од 24 часа по објавата. Исто така, Извршниот директор на „Tesla”, милијардерот Илон Маск, претходната недела на својот профил на Твитер додаде хаштаг # биткоин, со што ја стимулираше цената на најпознатата криптовалута.
„Мислам дека ќе се создаде ефект на домино како што одминува времето и написите во медиумите зборуваат за големи имиња кои инвестираат во биткоин“, изјави Минц за „Business Insider“.
Тој исто така, изјави дека компаниите што купуваат биткоин можат да очекуваат скок на цената на нивните акции, што ќе повлече и други компании да купуваат биткоини.
Криптовалути
Која е причината за високиот пад на вредноста на биткоинот?


Цената на Биткоин падна за дури 15 проценти во неделата откако пред само неколку дена постигнa нова рекордна вредност од 65.000 долари. (more…)
Криптовалути
НБА гигант ќе исплаќа плати во биткоини


Играчите и тренерите на НБА кошаркарскиот тим, Сакраменто Кингс ќе можат да ги примаат своите плати во биткоини, објави сопственикот на клубот. (more…)
Криптовалути
Пазарната капитализација на криптовалутите се ближи до рекордни 2 трилиони долари


Пазарната капитализација на сите криптовалути денес за прв пат се приближи на нивото од рекорни два трилиони (2.000 милијарди) долари. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите