Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

Најповолни услови за СУПЕР станбениот кредит на ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

Со желба да понуди дополнителна вредност и да го олесни решавањето на станбеното прашање, ТТК Банка АД Скопје овозможи уште поповолни и конкурентни услови за станбени кредити.

Од 17-ти април Супер станбениот кредит за примателите на плата/пензија во ТТК Банка АД Скопје нуди извонредно ниски фиксни каматни стапки за првите пет години односно 2,85% во првите три години, 3,85% во четвртата и петтата година и 5,85% годишна променлива каматна стапка за остатокот од периодот на отплата на кредитот.

Покрај атрактивните каматни стапки, СУПЕР станбениот кредит е достапен и со дополнителни олеснувања – 10% сопствено учество, продолжен рок на отплата до 25 години, грејс период до 12 месеци, без трошок за обработка на барање за кредит, без трошок за процена, без надоместок за предвремена отплата со сопствени средства, со намален надоместок за одобрување на кредитот во промотивен период до 30.06.2019 година.

“Големата предност е дека корисниците сега ќе можат да добијат исклучително поволни и прифатливи станбени кредити. Банката е подготвена брзо и ефикасно да одговори на сите заинтересирани граѓани. Интересот за оваа понуда е огромен, а сега е веќе сигурно дека многумина кои се подготвуваат да купат стан или куќа ќе ги препознаат бројните придобивки од нашиот Супер станбен кредит за да го решат тоа важно животно прашање’’, изјави проф. д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје.

Фиксната месечна рата во првите пет години од отплатата на кредитот и промотивните поволности ќе им помогнат на корисниците полесно да ја донесат одлуката за станбен кредит, а дополнително и полесно да управуваат со месечниот буџет во периодот кога имаат дополнителни трошоци за опремување на станот/куќата и кога секоја заштеда е добредојдена.

За поволностите на Супер станбен кредит корисниците можат да се информираат во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје како и на Интернет-страницата на Банката на следниот линк.

Домашни банки

Кредит со осигурени побарувања како обезбедување – нов продукт од ПроКредит Банка

Објавено

на

Малите и средни претпријатија во Северна Македонија се еден од клучите двигатели на економијата. Нивниот раст и развој директно придонесува за позитивни ефекти врз стапката на вработување, конкуретноста на пазарот и зголемување на извозот. Со цел остварување на своите визии и иновативни проекти, овие компании имаат потреба од кредитирање на краткорочните ликвидносни потреби, олеснет пристап до финансии и можност за брзо кредитирање. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Како најлесно до сопствен дом? Кои чекори треба да ги поминете за да добиете станбен кредит?

Објавено

на

Кога размислуваме за својата иднина, а, секако, и за иднината на своето семејство, она што прво ни паѓа на ум е топол дом по своја мерка. Меѓутоа, не е секогаш едноставно да дојдеме до сопствен дом, но и доколку ја донесеме одлуката, прашањето што најчесто нè мачи е „од каде да почнеме?“ – избор на стан/куќа, извор на средства, кој е првиот чекор за добивање станбен кредит итн. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

НЛБ Банка воведе нов Брз потрошувачки кредит

Објавено

на

НЛБ Банка воведе нов НЛБ Брз потрошувачки кредит кој се одобрува и исплаќа за само 1 час. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange