Connect with us

Анализи

НАЈПОВОЛЕН СТАНБЕН КРЕДИТ: Анализиран износ – 30.000 евра, Рок на отплата – 15, 20 и 25 години

Објавено

на

Секоја банка нуди свои карактеристичен производ, притоа колку повеќе банки се присутни на пазарот, толку поразлична е понудата за станбени кредити. Секоја банка се обидува да понуди некоја поволност за сопствениот производ.

Она што е навистина корисно во изборот на најповолниот станбен кредит e да се внимава на каматната стапка, да се земат предвид поволностите кои ги нуди банката во која примате плата и истражете кои од банките нудат и друг вид олеснувања (без административни трошоци и трошоци за одобрување, промотивен период за плаќање на нотарски трошоци од страна на банката, дали градежната компанија која го продава станот има склучено договор со некоја банка, итн).

Во продолжение ви ја презентираме целосната понуда на станбени кредити од страна на сите 14 банки во Македонија.

 

Податоци за анализа: износ на рата и вкупен износ на камата за целиот период на отплата.

Предефинирани карактеристики

Износ: 30.000 евра

Рок на отплата: 15 години

Податоци за анализа: износ на рата и вкупен износ на камата за целиот период на отплата.

Предефинирани карактеристики

Износ: 30.000 евра

Рок на отплата: 20 години

Податоци за анализа: износ на рата и вкупен износ на камата за целиот период на отплата.

Предефинирани карактеристики

Износ: 30.000 евра

Рок на отплата: 25 години

КУПИ КУЌА КУПИ СТАН

Во целосната понуда за станбени кредити како извесна поволност се издвојуваат и проектите „Купи куќа, купи стан” и „Купи куќа за млади” – субвенционираните станбени кредити. Сите банки кои се дел од овој проект ги нудат истите услови – камата од 2,90% за првите три години и 3,90% за следните две години, со што по истекот на петтата година, банките го задржуваат правото да вршат корекција на каматната стапка согласно нивните интерни понуди за станбени кредити.

Во продолжение ви ги презентираме каматните стапки кои важат во моментов по истекот на 5-тата година во сите осум банки кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан”.

  1. Шпаркасе Банка Македонија (6,20%)
  2. Стопанска банка а.д. Битола (6,90%)
  3. ТТК Банка (6,90%)
  4. Стопанска Банка АД – Скопје (6,17%)
  5. НЛБ Банка (5,50%)
  6. Силк Роуд Банка (6,40%)
  7. Охридска банка (нема достапен податок)
  8. ПроКредит Банка (нема достапен податок)

Последните години се бележи се поголема побарувачка на станбените кредити, што од една страна се должи на големата градежна експанзија во Скопје, но и во другите градови во Северна Македонија, како и на поволните услови за финансирање и рефинансирање на станбените кредити од страна на банките во нашата земја. Големата побарувачка за станбени кредити ги раздвижи и банките, кои континуирано ги прилагодуваат своите понуди со цел да придобијат нови клиенти.

НАПОМЕНА: Податоците за каматни стапки и останати трошоци за станбените кредити се генерирани од веб страните на вкупно 14 банки во Република Северна Македонија. Истите служан исклучиво за информирање на читателите на Банкарство.мк  и податоците кои се прикажани имаат исклучиво информативен карактер, односно истите не се официјален став на Банкарство.мк.

Банките го задржуваат правото да ги менуваат карактеристиките на производите кои се предмет на анализа.

Текстот е последно ажуриран на 21 март 2020 година.

Анализи

Ангеловска-Бежоска: Со сигурност можеме да кажеме дека шпекулациите поврзани со курсот на денарот не се поткрепени со економски аргументи

Објавено

на

Во сите досегашни епизоди на криза, стабилниот курс на денарот претставува главен фактор на одржување на макроекономската стабилност. Нема компромис во однос на постојниот режим на курсот. Јавноста треба да има потполна доверба во нашата заложба и во нашиот капацитет успешно да продолжиме со постојната монетарна стратегија на стабилен курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Банкнотата од 50 евра е најпопуларна кај фалсификатoрите

Објавено

на

Од 2002 година, кога беше воведена евро валутата, откриени се 19 милиони фалсификувани банкноти на оваа валута со лична вредност од 1,2 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Светска банка: Започнете со пост-пандемиското економско закрепнување

Објавено

на

Земјите во развој и меѓународната заедница треба да преземат чекори за забрзување на закрепнувањето откако ќе заврши најлошата здравствена криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот и да ги ублажат нејзините долгорочни негативни ефекти, порачува Светската банка. (more…)

Продолжи со читање

Популарно