Connect with us

Форекс

Најниско ниво на доларот во последните две години

Објавено

на

Американскиот долар ја губи својата вредност во однос на кошничката на најголемите светски валути веќе петти ден по ред, паѓајќи на најниското ниво во последните две години.

Американската валута ја губи вредноста бидејќи се наоѓа под притисок на ниските приноси на американските должнички хартии од вредност и на мрачните економски податоци во САД.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на најголемите конкурентски валути, ослабна за 0,3 проценти на 92,55 поени, според најновите податоци, а во еден момент падна на 92,46 поени, што претставува најниско ниво од јуни 2018 година, пренесува „Reuters“.

Најновиот раст на акциите на технолошките компании обезбеди позитивно опкружување на пазарите и ја загрози побарувачката за „безбедниот” долар, додека резултатите од месечното истражување на „New York Fed’s Empire State“ покажаа полош индекс на состојбата и очекувањата на производителите од очекуваното.

Ова влијаело на инвеститорите да одржат песимистички став кон американската валута.

Доларот падна дополнителни 0,2 проценти во однос на еврото на 1,19 американски долари и падна за 0,5 проценти во однос на јапонскиот јен, на 105,40 јени, што е најниско ниво за една и пол недела.

„Зелената валута” , исто така, се намали за половина процент во однос на британската фунта, на 1,3180 американски долари, што претставува најслабо ниво во последните две недели.

И покрај губењето на вредноста во последните неколку недели, доларот е сè уште 27 проценти над нивото од 2011 година, што укажува дека американската валута би можела да ја загуби вредноста уште повеќе, особено пазарната вредност, велат аналитичарите.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно