Останато
Најмоќната европска економија со балкански менталитет!?


Германија привремено ја стопираше финансиската помош за одредени компании кои се соочуваат со проблеми поради рестриктивните мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот, откако беа откриени неколку случаи на измама, објави Министерството за економија.
Суспензијата ги опфаќа компаниите кои побарале специјална државна помош за ноември и декември, како и одредени специјални кредити.
Во соопштението се наведува дека суспензијата е воведена на 5-ти март, но не е наведено колку компании се опфатени. Во соопштението се посочува дека сомнителните случаи ќе бидат предадени на обвинителството, кое ќе покрене истрага за неправилности.
Министерството не соопшти за колкава сума пари станува збор, но германскиот портал „Business Insider“ навел дека станува збор за неколку милиони евра.
Германија започна со пакет помош без преседан со цел да им помогне на компаниите, самовработените и другите субјекти полесно да ја надминат корона криза.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје