Connect with us

Форекс

Најмоќната берза во пад петти ден по ред

Објавено

на

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа петти ден со ред, при што „Dow Jones” потона, бидејќи вложувачите стравуваат дека агресивното зголемување на клучните каматни стапки на американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ја турнат економијата во рецесија.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа во текот на вчерашниот ден. Лондонскиот „FTSE” индекс зајакна за 0,03 проценти на 7.020 поени, меѓутоа паднаа франкфуртскиот „DAX” за 0,46 отсто на 12.227 поени и парискиот „CAC” за 0,24 проценти на 5.769 индексни поени.

Во Њујорк индексот „Dow Jones” се намали за 1,11 проценти на 29.260 поени, додека „S&P 500″ ослабе за 1,03 проценти на 3.655 поени, а „Nasdaq” индекс за 0,60 отсто, на 10.802 индексни поени.

Откако во петокот индексите „S&P 500″ и „Nasdaq” паднаа во таканаречената област на „мечката“, 20 проценти под своето рекордно ниво, во текот на вчерашниот ден во таа област им се придружи и „Dow Jones”.

Падот на овие индекси пет последователни дена е последица на стравувањето на вложувачите дека агресивното заострување на монетарната политика на ФЕД да ја турне економијата во рецесија.

Минатата седмица ФЕД веќе третпат во низа ги зголеми каматите за 0,75 процентни поени, на распонот од 3 до 3,25 проценти, што е нивно највисокото ниво од 2008 година. А челниците на ФЕД порачаа дека и натаму ќе ја зголемат цената на парите со цел да се намали инфлацијата од највисоките нивоа по повеќе од 40 години.

Меѓутоа, агресивните планови на ФЕД за сузбивањето на инфлацијата на целните 2 проценти ќе потрае со години, ќе го забави растот на економијата и ќе ја зголеми невработеноста, покажуваат проекциите на американската централна банка. На пазарите овие денови најмногу се шпекулира колку ФЕД натаму може да ги подигне каматите.

Поради тоа, вложувачите стравуваат дека досега најагресивното зголемува на каматите на ФЕД во историјата ќе ја турнат економијата во подлабока рецесија. Технички американската економија веќе е во рецесија, имајќи ги предвид последните две тримесечја падна на квартално ниво, но засега таа рецесија е плитка.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно