Connect with us

Останато

Најмалиот златник во светот во чест на Алберт Ајнштајн

Објавено

на

Швајцарија искова толку мал златник што треба да се погледне од многу блиску за на него да го видите Алберт Ајнштајн како ви го плази јазикот, пренесува агенцијата „AP”.

Швајцарската државна ковачница соопшти дека оваа златна монета има пречник од 2,96 милиметри, што претставува најмалиот златник во светот. Оваа кована златна паричка тежи само 0,063 грама и има номинална вредност на една четвртина од швајцарскиот франк (0,26 долари).

Од ковачницата „Swissmint” информираат дека монетата е направена во вкупно 999 примероци и ќе се продава по цена од 199 франци со специјална лупа, така што сопствениците ќе можат во секое време да го погледнат ликот на славниот физичар, кој се наоѓа на аверсот од минијатурниот златник.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно