Connect with us

Домашни банки

Најдобрите млади и идни банкари учат од д-р Билал Суџубаши, генерален директор на Халк Банка АД Скопје

Објавено

на

На 28. Јуни во конференциската сала на НБРМ, генералниот директор на Халк Банка, д-р. Билал Суџубаши, ќе одржи конференција на тема: “Принципите на банкарското работење на глобално ниво и во Република Македонија„. Пријавувањето е до 26. Јуни. Уплатата за учество на обуката е 1 500 денари, за студенти има 20% попуст (1200 денари) и за членки на АБИТ е обезбеден 50% попуст.

Цели на конференцијата се:

  1. Согледување на разликите во однос на банкарските принципи и  практики во различни делови од светот
  2. Согледување на практиките за поттик на развојот на една организација
  3. Идентификување на маркетингот и продажбата како основа за успехот

Содржината е поделена на три модули и тоа:

МОДУЛ 1: Карактеристиките на модерното банкарство во различни делови од светот

  1. Дефинирање на банкарството од практичаритеи идентификување на предизвиците со кои се соочуваат банките во современото општество
  2. Принципи на модерното банкарство во различни делови од светот
  3. Карактеристики на банкарскиот сектор во Република Турција

МОДУЛ 2: Тековни состојби и иден развој на банките во Република Македонија

  1. Тековни состојби во банкарскиот сектор во Република Македонија
  2. Иден развој и приоритети во управувањето на банките
  3. Халк Банка АД Скопје – банка со галопирачки раст

МОДУЛ 3: Маркетинг и развој на нови производи во банкарскиот сектор

  1. Трендови во маркетингот во банкарскиот сектор на глобално ниво
  2. Иновативноста во банкарскиот сектор
  3. Предизвици во создавање силен бренд во Република Македонија

Официјален јазик на конференцијата е турски, но ќе има превод на македонски јазик.

 

Домашни банки

Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 58то издание на Oхридско лето

Објавено

на

Традиционално, и оваа година, Охридска банка Сосиете Женерал е поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка – најдобра банка во Македонија според Euromoney

Објавено

на

На 11-ти Јули, 2018 година на свеченото доделување на Euromoney наградите во Лондон, НЛБ Банка АД Скопје е прогласена за најдобра банка во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе банка воведе намалени провизии за тргување до 50%

Објавено

на

До 50% намалени провизии за тргување со акции со Шпаркасе Банка Македонија!

Шпаркасе Банка Македонија воведе најнова промоција со која на своите новорегистрирани клиенти им овозможува тргување со акции на Македонска Берза АД Скопје – со намалени провизии за тргување до 50% од редовните надоместоци, во промотивниот период од 01.07. – 30.09.2018 година

Дополнително, Шпаркасе Банка Македонија ја нуди и можноста за бесплатно користење на E-trading апликацијата, која овозможува електронско давање на налози за тргување. Со најавување во апликацијата и креирање на кориснички профил клиентите ќе имаат можност да издаваат електронски налози до брокерите на Банката, да имаат целосен преглед на налозите, тргувањата и портфолиото, како и можност да го следат во реално време на тргувањето на Македонска берза.

Основните карактеристики на E-trading апликација се:

• високо ниво на сигурност (преку персонален дигитален сертификат);

• едноставност во пополнувањето на налогот, неговиот внес, измена или повлекување;

• преглед на портфолиото и паричната состојба со моментално ажурирање;

• преглед на пазарните податоци (цена, длабочина, трансакции)

• следење на внес и извршување на налогот во реално време;

• преглед на активни налози и e-trading барања;

• следење на налогот во длабочината на пазарот

• аларми (нотификации за промените на пазарот)

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно, таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange