Connect with us

Домашни банки

Најдобар финансиски резултат досега – ТТК Банка оствари добивка од 1,7 милиони евра во 2019 година

Објавено

на

Во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година ТТК Банка АД Скопје дејствуваше во насока на остварување на своите приоритетни цели и задачи дефинирани во Деловната политика и во Финансискиот план на Банката за 2019 година, при што во текот на периодот го прилагодуваше своето работење на тековните економски и пазарни услови на стопанисување.

Во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година, преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 184,4 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 511,7 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 327,3 милиони денари.

Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските и нефинансиските средства на нето-основа изнесува 63,5 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – декември 2019 година е позитивен и изнесува 108,4 милиони денари. Применувајќи го одржливиот, ефикасен и компетитивен деловен модел во услови на силна конкуренција и динамичен пазар, Банката оствари раст на нето-добивката од 7% со што Банката ја потврди својата успешност и ја заврши годината со најдобар финансиски резултат досега.

Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нетоприходи од камати во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година изнесуваат 268,1 милиони денари и бележат пад од 1% во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот финансиски институции и банки, како и од
секторот стопанство. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 96,5% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 139,4 милиони денари и се зголемени за 10,4% во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и приходите од провизии од финансиската активност – кредитирање. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 99,6% од планираните за овој период.

Нето-приходите од тргување изнесуваат 16,5 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 12,3 милиони денари, а се остварени со 315% од планираните за овој период.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 79,6 милиони денари и се остварени со 94,9% од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 327,3 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 2,1%, како резултат на повисоки трошоци за плати и вработени, трошоци за надомести и трошоци за амортизација и покрај пониските оперативни и материјални трошоци. Планот е остварен со 96,0%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 61,8 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 1,7 милиони денари.

Домашни банки

НЛБ Банка продолжува да креира одлични маркетинг видеа (2)

Објавено

на

НЛБ Банка за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Кои се вашите изговори кога треба да платите на пријател?

Објавено

на

НЛБ Банка за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Со поддршка на НЛБ Банка се одржа Аутдор фестивалот „When in Krusevo“

Објавено

на

Од 14 до 16 февруари Крушево беше домаќин на второто зимско издание на аутдор фестивалот „When in Krusevo“, а НЛБ Банка беше горд спонзор на оваа неверојатна адреналинска авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно