Connect with us

Форекс

Најголем пад на еропските берзи во изминатите седум месеци по ескалирањето на воената криза во Украина

Објавено

на

На европските берзи денеска наутро цените на акциите паднаа на најниско ниво во изминатите седум месеци, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошна ескалација на тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина.

Индексот „STOXX 600″ на водечките европски акции беше во плус 9 проценти во 9:30 часот и падна на најниско ниво во последните седум месеци.

Лондонскиот „FTSE” индекс се намали за 0,78 отсто, на 7.426 поени, додека франкфуртски „DAX” се намали за 1,75 отсто, на 14.472 поени, а париски „CAC” за 0,93 отсто, на 6.725 поени.

И на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа, па индексот на акциите на Азија-Пацифик MSCI, без јапонскиот, беше во минус од 1,6 отсто околу 9:30 часот.

На токиската берза индексот „Никеи” се намали за 1,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонг Конг паднаа меѓу 1 и 2,7 отсто.

Берзите остро паднаа поради ескалацијата на тензиите меѓу Западот и Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги призна двата сепаратистички и проруски региони во источна Украина и и нареди на руската војска веднаш да започне „мировна операција” во тие области. Ова предизвика силен револт кај Западот.

Затоа на Волстрит, каде што вчера немаше работа поради празниците, фјучерсот „S&P 500″ индексот е во минус за околу 1,5%.

„По овој руски потег, поблиску сме до воена интервенција, што секако носи голем ризик на пазарите. Очекувам зголемена пазарна нестабилност на краток рок, пораст на цените на нафтата и пад на цените на акциите. Инвеститорите ќе бараат засолниште за капитал во побезбедни инвестиции, како што е јапонскиот јен”, рече Карлос Казанова, економист во „UBP”.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно