Странски банки
Најголемите светски банки се лоцирани во Кина, HSBC најголема во Европа


Најголемите светски банки се лоцирани во Кина, покажува ранг листата на магазинот „The Banker“.
„Industrial & Comercial bank of China“, со седиште во Пекинг е најголемата банка во светот во однос на средствата, депозитите, бројот на клиенти и вработени. Таа, исто така, е рангирана на првото место според капиталниот обем на „Tier 1”. Средствата на „Industrial & Comercial bank of China” надминаа 4,3 трилиони долари на крајот на 2019 година.
„China Construction Bank” и „Agricultural Bank of China” се на второто и третото место, а четврта е „Bank of China“.
На листата на „The Banker” според „Tier 1″ стапката на капитал следат американските банки „JPMorgan Chase” на петтото, „Bank of America” на шесто, „Wells Fargo” на седмо и „Citigroup” на осмо место.
Дури на деветтото место е најголемата европска банка, британската „HSBC Holdings”.
На листата на најголеми европски банки според истите критериуми, „HSBC Holdings” ја следи француската „Credit Agricole”, по што следат „BNP Paribas”, „Banco Santander” и „Grouppe BPCE”.
„Barclys” се рангираше пред „UniCredit” на шестото место, осма е „Credit Mutuel”, а топ 10 ги заокружуваат „Societe Generale” и „Deutsche Bank”.
„UniCredit” (на седмо место во Европа и на 29-то во светот) подобро е рангирана од нејзината италијанска конкурентска, „Intesa Sanpaolo bank” која е на 15-то место на европската листа, а 39-та во светот.
Руската „Sberbank”, 27-та во светот, го задржа првото место меѓу најголемите банки во Централна и Источна Европа.
„The Banker“, во сопственост на „Financial Times”, е водечки светски банкарски и финансиски ресурс, кој се чита во повеќе од 180 земји. Списанието годишно објавува список на топ 1.000 светски банки, препознавајќи ги глобалните лидери во индустријата според нивните достигнувања. Банките се проценуваат според Tier 1 капитал, средства, коефициент на капитал/средства, раст на реална добивка, профит на просечен капитал и поврат на средства.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје