Connect with us

Криптовалути

Најголемите кражби на криптовалути во историјата

Објавено

на

Како што расте популарноста на криптовалутите, така се зголемува и бројот на хакери чија мета се нивните замени на берза. Во 2017 година била пријавена загуба од околу 266 милиони долари како резултат на безбедносни упади и кражби. Како и да е, само во првата половина од оваа година било пријавено дека е украдена тројно поголема сума при замени на валутите.

На почетокот од јули компанијата за безбедност на блокчејн, „Чипер Трејс“, пријави дека 731 милион долари биле украдени само оваа година од криптозамени.

– Овие кражби не се само чести, туку стануваат и значително повредни – истакна Нејт Вајтхал.

Ова се некои од најплодните криптокражби во историјата.

„Коинчек“

Во јануари хакерите најдоа дупка во размената на „Коинчек“ што им овозможи да украдат криптовалути во вредност на околу 530 милиони долари. Во кражбата беше пробиена само помалку познатата крптовалута НЕМ, а од „НЕМ фондејшн“ истакнаа дека хакерскиот напад не е поврзан со безбедноста на криптовалутата. Оттаму вината ја префрлија кај „Коинчек“ и рекоа дека ситуацијата е резултат на релаксираните безбедносни мерки. Сега „Коинчек“ ја има репутацијата на жртва на најголемиот хакерски напад над криптозамената.

„Мт. Гокс“

Сѐ до нападот на „Коинчек“, кражбата на берзата „Мт. Гокс“ беше најголемата криптокражба во историјата. Тоа сѐ уште е најголемата кражба на биткоини. „Мт. Гокс“ беше криптоберза лоцирана во Токио, Јапонија. Меѓу 2013 и 2014 година таа раководеше со повеќе од 70 отсто од светските трансакции на биткоини. За жал, во февруари 2014 година прогласи банкрот.

Хакерот украде околу 850.000 биткоини кои во тој момент вредеа 450 милиони долари. Дополнително, ова беше околу 6 отсто од сите биткоини во тоа време. Значи, кога се случи кражбата, ова беше значаен дел од вкупниот криптопазар. Двесте илјади од биткоините беа повратени, но останатите беа засекогаш загубени.

ДАО

ДАО е скратеница за Децентрализирана автономна организација, а беше основана на 30 април 2016 година и беше многу популарна, па стана најголемата „краудфандинг“ организација во историјата.

Уште на почетокот некои луѓе изразија загриженост во врска со безбедноста на ДАО и сугерираа дека може да биде ранлива на напади. Покрај тоа, таа собра повеќе од 150 милиони долари од 11.000 члена – многу повеќе отколку што создавачите замислуваа.

На 12 јуни 2016 година Стивен Туал, еден од создавачите, истакна дека во кодот бил пронајден баг, но нагласи дека тоа нема да ги загрози фондовите на ДАО. За жал, не беше во право. Додека тимот да го идентификува багот и да почне да го решава проблемот, хакерот веќе си ја вршеше својата работа.

До 18 јуни, помалку од една недела по соопштението, хакерот успеа да исцеди повеќе од 3,6 милиони етер-токени, односно околу 70 милиони долари. Ова доведе до пад на етериумот од 20 на 13 долари.

Криптовалути

Symantec предупредува за постоење на скриени апликации кои “копаат” криптовалути

Објавено

на

Компанијата Symantec објави нов безбедносен извештај во кој предупредува за постоење на осум малициозни апликации коишто се пронајдени во склоп на Windows 10 апликацијата во официјалната продавница, Microsoft Store.

Се работи за апликации кои беа објавени во Microsoft Store помеѓу април и декември 2018 година и содржат компонента којашто служи за “копање” на криптовалутата Монеро, а тоа корисниците кои ја инсталирале Windows 10 апликацијата, не го знаеле. Спорните апликации во просек имале и повеќе од 2.000 рецензии, а веројатно и напумпани оценки.

Самите апликации биле претставени како нови интернет пребарувачи, алатки за репродукција на мултимедијални содржини и за преземање содржини од интернет, како и водичи за оптимизација на батериите. Се верува дека зад сите овие апликации стои еден  ист програмер или група на програмери.

По добивањето на деталите за овие малициозни апликации, Мајкрософт веднаш ги повлече од продажба.

Имињата на осумте контроверзни апликации за кои алармира Symantec се:

  1. Fast-search Lite,
  2. Battery Optimizer (Tutorials),
  3. VPN Browser,
  4. Downloader for YouTube Videos,
  5. Clean Master (Tutorials),
  6. FastTube,
  7. Findoo Browser 2019,
  8. Findoo Mobile & Desktop Search.
Продолжи со читање

Криптовалути

Шведска лансираше своја криптовалута!

Објавено

на

Една голема светска влада само што им додели огромен глас на доверба и легитимитет на криптовалутите. Шведската влада донесе Одлука за поддршка на криптовалутите и официјално ја лансираше својата круптовалута – Sweden coin. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Блокчејн технологијата ќе ја победи апокалипсата на криптовалутите

Објавено

на

Пред една година, идејата дека Биткоин и криптовалутите ќе го променат светот стана мислење за консензус. Денес, не толку многу. Дигиталната валута сега се тргува под 5.000 долари. Тоа е 77% од неговата висока вредност во близина од 20.000 долари во јануари.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange