Останато
Најголемиот фонд во светот забележа загуба на инвестициите во вредност од 21,27 милијарди долари


Норвешкиот пензиски фонд или т.н. фонд за стабилизација објави дека во првата половина на 2020 година забележал загуба на инвестициите од 188 милијарди норвешки круни (21,27 милијарди долари), како резултат на падот на вредноста на акциите и портфолиото на недвижностите за време на пандемијата на коронавирусот.
Фондот има удели во околу 9.200 компании од целиот свет и поседува 1,5 проценти од сите акции котирани на берзите. Инвестира и во обврзници и недвижнини. Во 2019 година, фондот оствари рекордни 180 милијарди приходи од профит благодарение на силниот раст на берзата.
Во првите шест месеци од оваа година, владиниот пензиски фонд „Глобал“ оствари негативен поврат на инвестицијата, од минус 3,4 проценти, што е еквивалентно на загуба од 188 милијарди круни (21,3 милијарди долари).
Приносите во портфолиото на берза паднаа за 6,8 проценти, со најголем пад, за 33,1%, забележани од акциите на нафтените компании, како резултат на падот на цената на нафтата. Најголем пораст на приносот, за 14,2 проценти, оствари фондот на акциите на технолошките компании.
Владата повлече 167 милијарди круни од фондот во првата половина од годината за поддршка на домашната економија за време на пандемијата. Во текот на целата минатата година, фондот забележа нето-прилив од 18 милијарди круни.
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје