Connect with us

Осигурување

Најголемата штета исплатена за осигурен имот, осигуреник наплатил 200.000 евра

Објавено

на

Од петте највисоки исплатени поединечни штети во првите шест месеци годинава две се за осигурување имот со вкупна вредност од 335.000 евра. За покритие од задолжителната автоодговорност најголемата исплатена сума е 173.000 евра, за покритие од зелен картон компанија исплатила 101.000 евра, а 80.000 евра наплатил осигуреник за карго (т.е. осигурување стоки во превоз).

Највисоката исплатена штета покриена со осигурителна полиса изнесува 12,28 милиони денари (200.000 евра) и е исплатена за осигурување имот. Штетата ја наплатило правно лице осигурано кај друштвото за осигурување неживот АДОР „Македонија“, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за првите шест месеци годинава.

Втора според вредност штета, во првото полугодие годинава, е исплатена во класата задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Износот е 10,66 милиони денари (173.000 евра) и ја исплати „Евроинс осигурување“.

Третата поединечна највисока штета е исплатена од АДОР „Македонија“ исто така по основ на полиса за осигурување имот. Нејзината вредност изнесува 7,1 милиони денари (115.000 евра), а обештетено е правно лице.

Следна според исплатената вредност е најголемата поединечна штета во класата на зелената карта. Изнесува 6,2 милиони денари (101.000 евра) исплатени се од „Халк Осигурување“. Највредната штета во класата карго (со која се осигуруваат стоки во превоз) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра) и е исплатена од компанијата „Триглав осигурување“.

Во класата осигурување од незгода, која има најголем број активни договори за осигурување во споредба со сите други класи доброволно осигурување, највисоката штета ја исплатила компанијата „Еуролинк“ и таа изнесува 3,57 милиони денари (58.000 евра).

Следи најголемата штета исплатена за моторно возило со каско осигурување и таа изнесува 1,78 милиони денари (29.000 евра), исплатена од „Винер ВИГ“. Кај патничкото осигурување наголема штета во првото полугодие исплатила „Сава Осигурување“ и таа изнесува 934.000 евра (15.200 евра).

Кај најактуелното од доброволните неживотни осигурувања – приватното здравствено осигурување највисока штета исплатило друштвото „Халк Осигурување“. Таа изнесува 615.000 денари (10.000 евра).

Осигурувањето од финансиски загуби е доброволна класа на осигурување која има голем потенцијал и покрај малото пазарно учество бележи значаен раст. Во овој период најголемата исплатена штета во оваа класа осигурување изнесува 468.000 денари (7.600 евра) и е покриена од „Сава Осигурување“.

Во првите шест месеци годинава граѓани, компании и институции наплатија 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра) обештетување за штети покриени со осигурителни полиси за неживотно осигурување. Компаниите за неживотно осигурување во првото полугодие годинава исплатиле 319,5 милиони денари (5,2 милиони евра) односно 20 отсто повеќе штети во споредба со истиот период минатата година.

Осигурување

Триглав Осигурување донираше опрема на ЈЗУ Специјална Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир

Објавено

на

Триглав Осигурување даде поддршка на Специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир, со донирање на гинеколошки кревет за третман и преглед, со цел да и овозможи на оваа здравствена установа да ги унапреди условите за работа, како и да ја подобри услугата, којашто болницата ја обезбедува за своите пациенти. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Животот го осигурале над 242.000 граѓани, вложиле 21,5 милиони евра за девет месеци

Објавено

на

Вложувањата во животно осигурување во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани и достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра). Повеќе од 242.000 граѓани имаат полиса за осигурување живот заклучно со крајот на септември годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Продажбата на полиси достигна 122 милиони евра, осигурувањето порасна за 18%

Објавено

на

Граѓани, фирми и институции вложија 7,5 милијарди денари (122 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите девет месеци годинава. Продажбата (бруто полисирана премија – БПП) на осигурителни услуги во овој период порасна за 18 отсто (19 мил.евра) во споредба со истиот период во 2020 година. Бројот на склучени договори за осигурување во овој период е зголемен за 32 отсто и надмина 1,13 милиони, покажуваат официјалните податоци Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). (more…)

Продолжи со читање

Популарно