Connect with us

Криптовалути

Најголемата фудбалската суперѕвезда Лионел Меси, дел од парите од ПСЖ ќе ги добива во криптовалути!?

Објавено

на

По долго време заврши трансфер сагата на најголемата фудбалска суперзвезда Лионел Меси, кој и покрај желбата да остане во својот омилен клуб Барселона, на крајот беше речиси приморан да ги промени клупските бои и да се пресели во Париз Сен Жермен.

Меси со парискиот клуб потпиша договор со важност од 2 години, со опција истиот да биде продолжен за уште една дополнителна година. Согласно информациите, Лионел Меси во новиот клуб ќе заработува годишна нето плата од неверојатни 41 милион евра плус бонуси за освоени трофеи. Дополнително, Меси инкасираше и 20 милиони евра како бонус за потпис на договорот со ПСЖ, односно таканаречен бонус за добредојде.

Но, она што е интересно е дека дел од овие астрономски суми, аргентинската суперзвезда ќе ги добие во криптовалути, поточно криптовалутата „$PSG Fan Tokens“.

Официјалниот знак за навивачите на клубот забележа зголемен обем на тргување и пораст на цената како резултат на вестите и гласините дека Меси доаѓа во тимот. Според извештаите, обемот на тргување на токенот надмина 1,2 милијарди долари во деновите пред неговото пристигнување. Исто така, цената се зголеми за 130 проценти во услови на извештаи што укажуваа дека Меси може да дојде во клубот.

По неговото пристигнување, токенот дополнително ја зголеми вредноста неколкукратно, исто како што драстично пораснаа и акциите на најмоќниот француски клуб.

Навивачкиот знак на ПСЖ беше лансиран во јануари 2020 година, како дел од платформата за токен на Socios.com и имаше почетна цена од 2 евра. Токенот има цена од 41,23 долари во времето на пишување, што значително се зголеми од неговото издавање. Овие токени им даваат на носителите некаква моќ за одлучување во некои работи во врска со клубот.

Криптовалути

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Објавено

на

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Ископани се речиси 90% од биткоините во светот: Што по нивното целосно ископување!?

Објавено

на

Биткоинот, најголемата и најпознатата криптовалута во светот, има ограничена понуда на монети, а речиси 90 проценти се веќе ископани. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Битконот порасна за 21,66% и повторно ја помина границата од 50.000 долари

Објавено

на

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот во последните 7 дена порасна за 21,66% и повторно ја помина границата од 50.000 долари. (more…)

Продолжи со читање



Популарно