Connect with us

Криптовалути

Најголемата платформа за трговија со криптовалути BINANCE привремено ги запре исплатите во биткоини

Објавено

на

„BINANCE”, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите”.

Основачот и извршен директор на „Binance”, Чангпенг Жао, прво на „Твитер” објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути. Но, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно ќе биде потребно малку подолго да се поправи оваа ситуација отколку мојата првична проценка”.

Жао додаде дека „ова влијае само врз биткоин мрежата” и дека „сопствениците сè уште можат да повлечат биткоини на други мрежи како BEP-20″.

„Средствата се SAFU, додаде тој, а SAFU е кратенката за „Безбеден капитален фонд за корисници”, што е фонд што „Binance” го основа во 2018 година за да ги заштити корисниците и нивните средства.

Оваа вест доаѓа во време кога биткоинот падна за повеќе од 10 проценти, или под 23.000 долари за еден коин, што е најниско ниво од декември 2020 година. Најголемата криптовалута во светот е погодена од макроекономски проблеми, вклучително и неверојатната инфлација.

Оваа вест експресно го вознемири светот на криптовалутите и поради утринската вест за прекин на сите трансакции, а најважно за исплатите на компанијата Целзиус, која нуди услуги за заклучување на криптовалутите, на кои дава одреден процент камата. Во соопштението што компанијата го испрати се наведува дека се суспендирани сите „плаќања, замени и трансфери помеѓу сметките поради екстремните пазарни услови” и дека тоа го прават со цел „Целзиус денеска го стават во подобра позиција за да ги исполни своите обврски со текот на времето”, односно на корисниците да им ги овозможи сите трансакции. Целзиус е една од најголемите компании во областа на овие услуги.

Криптовалути

Ќе се формира нов регулатор кој ќе биде одговорен за регулирање на индустријата за криптовалути

Објавено

на

Европската унија (ЕУ) планира да создаде шеста „организација против перење пари“ која ќе биде конкретно одговорна за регулирање на индустријата за криптовалути. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Криптовалутите повторно во пораст

Објавено

на

Цената на биткоинот повторно се намали откако во изминатите 24 часа го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека инфлацијата полека се намалува. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање


Популарно