Странски банки
Најголемата европска банка отпушта 35.000 вработени

Најголемата банка во Европа, британската „HSBC“, објави дека планира да отпушти 35.000 работници во најголемиот план за реорганизација под водство на Марк Такер, за да се направи заштеда од 7,3 милијарди долари. Исто така, во соопштението банката објави дека нејзиниот профит во 2019 година опаднал за 33 проценти.
Во соопштението на „HSBC“ се вели дека целта е да се намалат оперативните трошоци за 4,5 милијарди американски долари (3,5 милијарди фунти) до 2022 година, како дел од најголемото реструктуирање на банките и да се намалат средствата за 100 милијарди долари, објави „ВВС“.
„Делови од нашето работење не даваат прифатливи приноси, затоа работиме на нов план за зголемување на приносите за инвеститорите“, изјави привремениот главен извршен директор Ноел Квин, кој воедно е директор на „HSBC Holdings“.
„HSBC“ во моментов работи во повеќе од 50 земји низ Северна Америка, Европа, Блискиот исток и Азија. Во седиштето во Велика Британија се вработени повеќе од 40.000 луѓе.
Планираното намалување на оперативните трошоци ќе доведе до намалување на бројот на вработени за 15 проценти, односно пад од 235.000 на 200.000 работници. Најавеното отпуштање на 35.000 работници е многу повисоко од очекувањата, бидејќи аналитичарите предвидуваа дека „HSBC“ ќе намали околу 10.000 работни места.
Овие ригорозни мерки треба да ги потикнат инвестициите во Азија, од каде што банката има најголем дел од од своите приходи, дури и кога постојат ризици поради протестите во Хонг Конг и епидемијата на коронавирусот. Банката објави дека нејзината годишна добивка пред оданочување била 13,35 милијарди американски долари (10,3 милијарди фунти).
Освежената стратегија е клучна за Марк Такер кога е во прашање трансформација на британската банка „HSBC“.
Банката предупреди дека епидемијата на коронавирусот и економското нарушување во Хонг Конг ќе влијаат на нејзините перформанси и во 2020 година.
Акциите на „HSBC“ паднаа за дури 3,2 проценти по суспендирањето на откупот на акции за 2020 и 2021 година, кога ќе се случи најголемиот дел од обновата.
Аналитичарите предвидуваат дека „HSBC“ ќе објави прилагодена добивка од 21,8 милијарди долари.
Останато
Централната банка на Русија ја зголеми референтната каматна стапка со цел да ја спаси рубљата

Управниот одбор на Централната банка на Русија денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 проценти. (more…)
Странски банки
Италија ќе го оданочува екстра профитот на банките!?

Италија објави дека ќе ги подложи на еднократен данок од 40% локалните банки откако беше обелоденето дека собрале милијарди дополнителен профит од зголемувањето на каматните стапки. Италијанската влада, која го одобри изненадувачкиот данок на состанокот на владата во понеделникот вечерта, рече дека планира да ги искористи приходите за поддршка на имателите на хипотеки и за намалување на даноците, во време кога зголемените стапки извршија дополнителен притисок врз домаќинствата. (more…)
Странски банки
ЕБОР е најголем инвеститор во Северна Македонија! Како гледа на македонската економија?

Македонската економија во 2022 година е поддржана од Европската банка за обнова и развој со 250 милиони евра, со што оваа институција практично е најголемиот поединечен инвеститор во земјава, а со тоа и најголем помагач на домашниот економски раст и развој. За пет години, од 2017 до 2022 година, ЕБОР има вложено во Северна Македонија 684 милиони евра за поддршка на 71 проект, а за 20 години, од 1993 година наваму дури 2,49 милијарди евра во 171 проект. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје