Connect with us

Странски банки

Најголемата австралиска банка изгубила финансиски податоци од 20 милиони клиенти

Објавено

на

Најголемата банка во Австралија, Комонвелт банк, призна дека ги изгубила финансиските податоци на околу 20 милиони свои клиенти.

Комонвелт Банк соопшти дека не може да најде два диска, на кои биле имињата, адресите и бројот на сметките на клиентите, како и детали за трансакциите остварени во периодот од 2000 до 2016 година. На дисковите немало пасворди или ПИН броеви, кои би можеле да се искористат за некаква измама, соопшти банката.

Сепак, и покрај огромниот превид на најголемиот заемодавец во Австралија, од Банката уверуваат дека нема простор за вознемиреност и дека ниту еден клиент нема да биде оштетен.

Соодветните регулаторни тела биле информирани кога Банката не можеше да потврди дали дисковите се уништени или не. Локалните медиуми наведуваат дека најверојатно дисковите биле уништени по грешка.

Повеќе

Странски банки

Кина вбризга рекордни 83 милирди долари во банкарскиот систем

Објавено

на

Централната банка на Кина инјектираше 560 милијарди јуани (83 милијарди долари) во домашниот банкарски систем, што е рекорден износ вбризган во банкарството за еден ден, оценува каналот „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Сметки за режиски трошоци во Србија ќе се плаќаат преку “СИСТЕМ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА”

Објавено

на

Граѓаните на соседна Србија од март годинава ќе имаат можност да ги плаќаат тековните сметките преку систем за препознавање лице (face recognition), најави за Танјуг гувернерот на НБС, Јоргованка Табаковиќ.

Народната банка на Србија планира во првиот квартал од 2019 година да ја воведе оваа нова услуга, која е дел од решението за инстант плаќања, чија имплементација започна во октомври минатата година.

“Ќе биде можно преку скајп или визуелна идентификација на клиентот да се реализира плаќањето”, вели Гувернерката.

“Тоа ќе биде навистина револуционерна иновација како дополнување на инстант плаќањето. Иако сме подготвени со тимот да стартуваме веднаш, сепак ќе почекаме да помине евалуацијата за напредокот на Србија во поглед на спречување перење пари за да бидеме сигурни дека оваа нова услуга може да се пушти за користење”.

Конкретен датум кога граѓаните ќе имаат можност да започнат со користење на оваа услуга ќе се знае по состанокот на MANIVAL (Европски комитет за спречување перење пари и финансирање тероризам) кој ќе се одржи на 23. јануари.

На состанокот ќе се анализира напредокот на Србија во примената на сите правила поврзани со перење пари, а доколку ставот на оваа институција биде позитивен, плаќањето преку препознавање на лице може да биде пуштен во употреба веќе во февруари.

Продолжи со читање

Странски банки

Џим Јонг Ким се повлече од функцијата претседател на Светска банка

Објавено

на

Претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким ја напушта функцијата на 01 февруари, се наведива во соопштението од СБ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange