Останато
Најбогатите луѓе во светот дополнително се збогатиле за уште 402 милијарди долари во 2021 година


Десетте најбогати луѓе во светот стекнале уште 402 милијарди долари во 2021 година, покажуваат податоците на „Bloomberg“.
Најмногу заработил Илон Маск. Годината ја започна со 156 и ја заврши со 277 милијарди долари на сметката, според индексот на милијардери на Блумберг. Основачот на „Tesla” и „SpaceX” неодамна соопшти дека ќе плати повеќе од 11 милијарди долари данок.
Зад него е Џеф Безос, сопственикот на „Амазон”, кој во 2022 година влезе со 190 милијарди долари. Тоа е „само” 4,5 милијарди повеќе од минатата година.
Сопственикот на „Фејсбук”, Марк Закерберг минатата година заработи 25 милијарди долари, а сега има 128 милијарди долари.
Основачот на „Мајкрософт”, Бил Гејтс, минатата година ја започна со 139, а ја заврши со 132 милијарди долари. Неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс, со која во август стави крај на 27-годишниот брак, наводно има 11,4 милијарди долари.
Ко-основачот на „Гугл”, Лери Пејџ во 2021 година влезе во клубот на луѓето кои имаат 12-цифрено богатство, додавајќи 47 милијарди долари на своите 83 милијарди долари. На таа листа се впиша и неговиот колега Сергеј Брин, кој заработи уште 45 милијарди долари, со што неговото богатство достигна 125 милијарди долари.
Во збогатувањето на американските милијардери се приклучи и Французинот Бернар Арно, сопственик на најголемата компанија во светот која тргува со луксузни производи. Заработил дополнителни 61 милијарда долари, а сега поседува вкупно 176 милијарди долари.
Арно е единствениот надвор од САД кој влезе на листата на милијардери на Блумберг за 2021 година.
Сите десет на таа листа поседуваат повеќе од 100 милијарди долари. Единаесетта на листата, исто така Французинка, е Франсоаз Бетенкур Мејерс, наследничка на империјата Лореал која има 94 милијарди долари и е најбогатата жена на светот.
Останато
Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. (more…)
Останато
ЕБОР со милијарда евра помош за Украина


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје