Connect with us

Останато

Најбогатите Американци годишно затајуваат 175 милијарди долари данок

Објавено

на

Најбогатите Американци годишно избегнуваат да платат 175 милијарди долари данок, па американските власти планираат да ги финансираат најголемите инвестиции во инфраструктурата со зголемување на даноците од најбогатите и големите компании.

Некои експерти предупредуваат дека зголемувањето на даноците ќе доведе до уште поголемо затајување, пишува „Гласот на Америка (VOA)”.

Не е тајна дека во САД има различни дупки во даночните закони, но новото истражување спроведено од Даночната управа (IRS) и Националното биро за економски истражувања покажа дека еден процент од најбогатите ги намалуваат своите приходи за 20 проценти и плаќаат помалку данок.

„Постои софистициран метод на затајување данок меѓу најбогатите, кој не може лесно да се утврди со рутински проверка на даночните долгови”, вели еден од авторите на студијата, Даниел Рек од Лондонската школа за економија.

Најчесто парите се кријат на оф-шор сметки или профитите се намалуваат така што тие се оданочуваат како вообичаени, а не исклучително големи.

Главната причина за ова затајување данок е тоа што со години не се инвестирани доволно пари во Даночната управа, па затоа е намален бројот на истраги за плаќање данок, особено кога станува збор за лица кои енормно заработуваат и чии даночни пријави се сложени за обработка.

Постојат и голем број сиви зони кои богатите ги користат за да плаќаат помалку, а особено се злоупотребуваат даночните олеснувања. Рек истакна дека тие злоупотреби тешко се докажуваат на суд и дека станува збор за долгорочни процеси за кои Даночната управа нема доволно средства.

Студијата за даночно затајување е објавена во момент кога Конгресот на САД започна дискусија околу предлогот на претседателот Џо Бајден за зголемување на даноците за богатите. 

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно