Останато
Најбогатите акумулираа 45,6 проценти од богатството во 2021 година

Вкупното светско богатство порасна за 9,8 проценти и во 2021 година достигна 463,6 милијарди долари.
За тоа најзаслужни се САД со учество поголемо од половината од вкупното зголемување на богатството. Кина придонесува со четвртина.
Во меѓувреме, Африка, Европа, Индија, Латинска Америка заедно сочинуваат само 11,1 отсто од растот на глобалното богатство во 2021 година, се наведува во извештајот објавен од банката „Креди Свис”.
Најбогатиот еден отсто од планетата продолжува да акумулира 45,6 отсто од богатството во 2021 година, пишува „Ел Паис”.
Извештајот на „Креди Свис” предвидува малата група да продолжи да расте. Бројот на милионери, со богатство поголемо од милион долари, ќе достигне 87 милиони, а бројот на ултрабогати, со нето богатство поголемо од 50 милиони долари, ќе достигне 385.000 во наредните пет години.
Во основата на пирамидата се оние кои во 2021 година имале капитал помал од 10.000 долари и кои претставуваат 53 проценти од светската популација.
Во поглед на зголемувањето, двете најуспешни економии се САД и Кина, двете со стапка на раст од околу 15 проценти.
На дното е Европа, која расте само 1,5 отсто во 2021 година, но ја акумулира втората најголема маса на богатство зад САД и пред Кина.
За наредните пет години, извештајот предвидува земјите со среден приход да бидат главен мотор на светската економија, со 42 отсто од глобалниот раст.
Што се однесува до распределбата на богатството, според извештајот, овој век глобалната нееднаквост се намалила, поттикната од забрзаниот раст на пазарите во развој.
Претпоставката е поткрепена со тоа што сегментот на оние со богатство меѓу 10.000 и 100.000 долари најмногу пораснал од почетокот на векот, од 504 милиони на 1.800 милиони поединци.
Во извештајот на „Креди Свис”, 2021 се смета за добра година за финансии.
Останато
„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)
Останато
Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје