Connect with us

Форекс

Најавите за рестартирање на економијата ги зголемија индексите

Објавено

на

На повеќето светски берзи, цените на акциите се зголемија благодарение на најавите за постепено укинување на ограничувањата и рестрикциите и повторно отворање на економиите, но слабите макроекономски податоци и перформансите на компаниите ги задржуваат инвеститорите на дистанца.

На Вол Стрит, „Dow Jones” се зголеми за 2,2 процентни поени односно минатата недела индексот порасна на 24.224 поени, додека „S&P 500″ скокна за 3% на 2.874 поени и индексот „Nasdaq” кој ја зголеми својата вредност за 6,1% односно порасна на 8.650 поени, пренесува „SEEbiz“.

Инвеститорите на најголемата светска берза беа охрабрени од предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за повторно стартување на економијата во три фази и укинување на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на вирусот корона.

Трамп на прес-конференција во четвртокот изјави дека во САД врвот на епидемијата поминал и дека земјата е подготвена да започне со постепено отворање на економијата.

Многу европски земји, исто така, најавија постепено намалување на ограничувањата. Но, некои аналитичари сметаат дека е прерано да се заклучи дека здравствената криза веќе е под контрола.

„Природно е берзата позитивно да реагира на најавите на Трамп за повторно рестартирање на економијата затоа што инвеститорите не сакаат да заостанат во случај на силен раст на пазарот. Проблемот е во тоа што има голем јаз помеѓу очекувањата на инвеститорите и тековната економска реалност, или слабостите во многу земји“, вели Ајако Сера од „Sumitomo Mitsui Trust Bank”.

Форекс

Доларот во слободен пад, ослабе и во однос на еврото

Објавено

на

На девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути падна на најниско ниво од април 2018 година, бидејќи се очекуваат нови стимулативни мерки во американската економија и затоа што инвеститорите се склони кон поризични инвестиции. Така, индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на Американецот во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 91,30 поени, додека вчера во ова време тој беше 91,80 поени. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Македонска берза се приклучи во одбележувањето на Деновите на финансиска писменост

Објавено

на

Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост кое оваа година заради пандемијата ќе биде одбележано со бројни е-активности. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Вредноста на биткоинот ја премина границата од 18.000 американски долари

Објавено

на

Според порталот „CoinMarketCap“, кој ја пресметува просечната вредност на повеќе од 20 берзи, во 6:14 часот по средноевропско време, битконот пораснал за 9,78 проценти на 18.223 американски долари, додека најголемата берза за криптовалути „Binans“ ја зголеми вредноста за 9,95 проценти, на 18.328 американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно