Connect with us

Домашни банки

НАЈАВА ЗА СОЛЕНА ДИВИДЕНДА – Цената на акциите на НЛБ Банка се вивна до плафон!

Објавено

на

Цената на акциите на НЛБ Банка денеска изнесува фантастични 26.500 денари што е за речиси три илјади денари поскапa во однос на претходната недела.

Според познавачите на состојбите на пазарот на македонска берза, ова е уште еден доказ дека нашиот пазар силно реагира на одредена сензитивна информација поврзана со работата на компанијата.

Советот на Народната банка на Република Северна Македонија претходната недела донесе Одлука за укинување на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките, објавена во Сл. весник на РСМ бр.177 од 03.08.2021 година, со која престанува да важи привременото ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките.

Носењето на оваа Одлука има силно влијание и врз тргувањето на Македонска берза, па така инвеститорите брзаа(т) да купат акции од домашните банки кои објавија дека ќе исплатат дивиденда, но купуваат акции и од останатите банки кои сеуште немаат официјален датум за исплата на дивиденда, но за очекување е да исплатат со оглед на одличните финансиски резултати кои ги прикажуваат.

Акциите на НЛБ Банка вртоглаво растат и од ден на ден ја зголемуваат својата вредност. Претходната недела, поточно претходниот вторник акциите на НЛБ Банка се тргуваа по цена од 23.584 денари. Денес истите се тргуваат по цена од 26.500 денари, цена која се очекува дополнително да расте.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.255.222 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.129.700 илјади МКД и е зголемена за 60,2% во однос на истиот период претходна година.

Дали одличниот финансиски резултат, поткрепен со високиот раст на цената на акциите е најава за солена дивиденда за акционерите на НЛБ Банка!?

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк.

Домашни банки

(ВИДЕО) Сопственици на банка во Македонија се најдоа во „Пандора документите“

Објавено

на

Двајца сопственици на УНИБанка имале офшор компании на Британските девствени острови, открива истражувачкиот веб сајт „bird.bg” од Бугарија. Станува збор за Ивајло Мутафчиев и Цеко Тодоров Минев кои имаат по 36,45% од сопственоста на УНИ банка која работи во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по 16-ти пат спонзор на „Златно славејче“

Објавено

на

„Златните славејчиња“ годинава повторно ќе застанат на сцена и ќе ги отпеат своите хитови во чест на 50-от роденден на Фестивалот. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Прогласени победниците од Social Impact Award 2021

Објавено

на

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. (more…)

Продолжи со читање



Популарно