НБРМ
Нацевска: Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата


Податоците покажуваат дека мерките преземени од Народната банка дадоа резултати во досегашниот тек на корона-кризата. Меѓу другото, условите за кредитирање и натаму се олабавени, што е видливо преку натамошното постојано намалување на каматните стапки на кредитирањето коишто достигнаа историски најниски нивоа. Во текот на измината година, кредитната поддршка не забави, што вообичаено се случувало во сите претходни кризни епизоди, туку беше обезбеден солиден кредитен раст.
Ова меѓу другото го истакна вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, на вебинарот на тема „Монетарната политика, банките и кредитните пазари во ковид-19: справување, поддршка и последици“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Во својата презентација, вицегувернерката се осврна на монетарната политика во условите на пандемијата, при што покрај политиката на нашата централна банка, говореше и за политиките на ЕЦБ и ФЕД.
Нацевска ги истакна и активностите на Народната банка коишто се однесуваа на девизниот пазар. Притоа таа посочи дека по изразениот притисок на девизниот пазар во првата половина од минатата година, состојбите постепено се нормализираа, при што Народната банка со редовните и навремени интервенции и овојпат успешно ја одбрани вредноста на домашната валута и обезбеди стабилност на девизниот курс на денарот. Како што кажа, покрај директните интервенции на девизниот пазар, важни беа и т.н. „вербални интервенции“, односно укажувањата до банките при поголеми осцилации на нивните девизни курсеви во услови на задоволена побарувачка, како и засилената комуникација со јавноста. Во презентацијата беше посочено дека комуникацијата со јавноста беше клучна за согледувањата на граѓаните и економските субјекти, бидејќи преку неа се обезбедуваат релевантни информации коишто се важни во носењето на нивните одлуки, од коишто во одредена мера зависат и движењата на девизниот пазар.
Нацевска нагласи и дека е важно што веќе на средината на минатата година, Народната банка доби и поддршка од ЕЦБ во однос на засилување на капацитетите за интервенирање на девизниот пазар, преку позитивниот одговор на барањето за одобрување билатерална репо-линија.
„Општо земено, 2020 година беше година во знакот на пандемијата, при што во отежнато окружување, Народната банка со навремената реакција, преземањето соодветни мерки и зајакнатата комуникација со јавноста придонесе за успешно остварување на своите цели и стабилизирање на пазарните очекувања. Сето ова упатува на соодветно справување со кризата, овозможи услови за солидна кредитна поддршка на граѓаните и компаниите, без притоа да се доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Сепак, ова не се времиња кога треба да сме некритички задоволни од постигнатото.“ – истакна вицегувернерката Нацевска, посочувајќи и на натамошните предизвици за носителите на политиките.
НБРМ
Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка


Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)
НБРМ
Народната банка донесе одлука за воведување макропрудентна мерка за дополнително јакнење на заштитните механизми во банкарскиот систем


Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за воведување макропрудентна мерка со која дополнително се јакнат заштитните механизми во банкарскиот систем, заради зачувување на неговата отпорност и натамошно јакнење на финансиската стабилност во услови на постепено зголемување на системските ризици. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје