НБРМ
Нацевска на симпозиум на високо ниво: Приближувањето на европските мултинационални компании кон регионот – можност за поголем економски раст и интеграција на земјите од Западен Балкан кон ЕУ

Вицегувернерката Емилија Нацевска заедно со професорката Паула Субачи (Paola Subacchi) од Универзитетот Квин Мери во Лондон и истражувачот Џан Ферети (Gian Ferretti) од Брукингс центарот за макроекономски истражувања (англ. Brookings Institution) учествуваше на панелот „Подвојување на глобалниот финансиски систем – импликации за трговијата, капиталните текови и девизните курсеви” којшто беше дел од дискусиите на симпозиумот на високо ниво во организација на централната банка на Ерменија и Комитетот за преобразување на Бретон Вудс. Зголемените геополитички тензии креираат ризици од фрагментација на глобалната економија и претставуваат сериозна закана за сите досегашни придобивки од високата меѓусебна поврзаност и зависност на глобалниот економски систем, што може да доведе до сериозни импликации и загуби во светската економија. Геополитичките настани во последните неколку години ја поттикнуваат фрагментацијата и во инфраструктурата за извршување на меѓународните плаќања, што дополнително може да влијае на трговските и капиталните меѓузависности на земјите и регионите и со тоа повратно да ја засили економската фрагментација.
Во својата дискусија, вицегувернерката Нацевска посочи дека неповолните ефекти од гео-економската фрагментација особено би се почувствувале кај малите и отворени економии, како нашата, чијшто потенцијал за раст во голема мера е условен од вклученоста во меѓународните текови на стоки, услуги и капитал. Таа истакна дека македонската и економиите на земјите од Западен Балкан веќе се соочуваат со послаба динамика на раст и конвергенција кон земјите од ЕУ, како последица на забавената глобализација по појавата на светската финансиска криза. Оттаму, за да се задржи и поттикне растот во услови на зголемени ризици од де-глобализацијата се потребни навремени и добро осмислени мерки со кои би се искористиле придобивките од промените кај мултинационалните компании предизвикани од гео-економските поместувања и би овозможиле вклучување на домашните производствени капацитети во глобалните синџири на снабдување. Во овој контекст, за нашата земја е значајно искористувањето на можностите од процесот на преместување на производството на европските мултинационални компании од сегашните подалечни на поблиски и помалку ризични локации (т.н. nearshoring), што ќе овозможи и поголема интеграција со земјите од ЕУ. Според анализите на ММФ, поголемата интеграција на земјите од регионот на Западен Балкан во глобалните синџири на снабдување може да го подигне нивото на БДП од 3% до 10%.
Подвлекувајќи го значењето на платежната инфраструктура за трговската и финансиската интеграција, вицегувернерката Нацевска истакна дека земјите од Западен Балкан интензивно работат на создавање предуслови за меѓусебна интеграција на домашните платежни системи и нивна интеграција со платежната инфраструктура на ЕУ. Во таа насока, земјите од регионот активно се подготвуваат за пристапување кон Единствената европска платежна област (англ. SEPA-Single Euro Payment Area). Со прифаќање на принципите и стандардите на СЕПА се очекува да се подобри ефикасноста, да се намалат трошоците и да се олеснат трговијата и инвестициите во и надвор од границите на домашната економија.
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Резултати од монетарната политика се големата доверба во домашната валута и забавувањето на инфлацијата

Резултатите од монетарната политика што ја води Народната банка ги гледаме во забавувањето на инфлацијата, големата доверба во домашната валута, но и во умереното забавување на кредитната активност за да не се предизвика голем шок во економијата. Ова го истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, при гостувањето на „Блумберг Адрија“. (more…)
НБРМ
Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини

На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, беше организирана донаторска акција за подобрување на условите за изведување на образовниот процес за децата од селото Дреновци. Вработените во Народната банка масовно се вклучија и одговорија на повикот за донација, којшто беше поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село. (more…)
НБРМ
Зоран Пановски од Народната банка: Финансиската едукација и соодветната информираност на инвеститорите придонесува за развој на домашните финансиски пазари

Директорот на Дирекцијата за операции на финансиските пазари, Зоран Пановски, учествуваше на Регионалната конференција за техничка анализа на финансиските пазари во организација на Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- НБРМпред 2 months
Народната банка ќе мора да направи план за спас на секоја банка во земјава
- Домашни банкипред 2 months
НЛБ Банка оствари нето добивка од 23,5 милиони евра во првите шест месеци од 2022 година