Останато
Нафтен гигант отпушта 10.000 вработени


Енергетската компанија „British Petroleum“ (BP) објави дека ќе отпушти 10.000 работници во своите филијали низ целиот свет заради влијанието на пандемијата „Ковид-19“.
Извршниот директор на „British Petroleum“ (BP), Бернард Луни, рече дека административните работни места ќе бидат намалени во текот на оваа година, објави „The Guardian“. Оваа британска компанија вработува околу 70.000 работници, до крајот на годинава.
„Сега ќе започнеме процес во кој близу 10.000 луѓе ќе ја напуштат компанијата – најмногу до крајот на годината“, изјави Луни.
Намалувањето во најголем дел ќе опфати повисоки канцелариски позиции, а не вработени ангажирани во првите редови на производство.
Компанијата во април објави дека ќе ги намали трошоците за 25 проценти во 2020 година, откако пандемијата доведе до невиден пад на побарувачката за нафта.
Останато
ЕБОР со милијарда евра помош за Украина


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)
Останато
Се одржа финалето на Европскиот квиз на парите


Учениците Матеја Талеска и Дино Дановиц, од СУГС „Joсип Броз Тито“, под менторство на професорката Емилија Величкова, беа наши претставници на финалето на Европскиот квиз на парите, коешто се одржа денеска преку електронска платформа. (more…)
Криптовалути
ЦРНА НЕДЕЛА ЗА КРИПТОВАЛУТИТЕ – Биткоинот на најниско ниво од јануари


Биткоинот во текот на вчерашниот ден падна на најниско ниво од јануари, бидејќи падот на берзите продолжува крајно негативно да влијае и на криптовалутите, чие тргување ги следи таканаречените поризични средства, како што се акциите на технолошките компании. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје