Connect with us

Форекс

Нафтата се доближува до 75 долари за барел

Објавено

на

На меѓународните пазари цената на нафтата се зголеми на 75 долари за барел, во пресрет на извештајот од кој се очекува да покаже пад на американските резерви над очекувањата.

На лондонскиот пазар цената на барелот во однос на претходното затворање се зголеми за 23 центи и изнесуваше 74,71 долари, додека на американскиот пазар, барелот „скокна” за 33 центи, на 71,98 долари.

Американските залихи на сурова нафта паднаа над проценките на аналитичарите за 4,7 милиони барели, дознаваат британските медиуми од два извори на пазарот, што се повикуваат на податоците од американскиот Институт за нафта.

Официјалните податоци на американската Влада ќе бидат објавени подоцна, во текот на денот.

Цените на нафтата годинава се зголемија за 44 проценти, поради поддршката од закрепнувањето на побарувачката и намалувањето на понудата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници, попознати како ОПЕК +.

ОПЕК + се согласи од август да го зголеми дневното снабдување на светските пазари за 400.000 барели и дополнително да ги намали минатогодишните рекордни намалувања, но некои аналитичари велат дека тоа нема да биде доволно бидејќи очекуваат годинава побарувачката да се врати на старото.

Меѓутоа, се поголем број случаи на коронавирус ширум светот, и покрај програмите за вакцинација, го ограничуваат растот и продолжуваат да го загрижуваат пазарот.

Форекс

На „Инвеститорскиот ден“ најмногу склучени трансакции на Берзата во 2021 година

Објавено

на

Втора година по ред на Македонска берза успешно се одржа „Инвеститорски ден“ на којшто сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи), во износ на остварен промет до 10.000 евра. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

АКЦИИТЕ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПОТОНАА откако измина последниот ден со право на дивиденда!

Објавено

на

Акциите на Комерцијална банка АД Скопје со месеци наназад важат за убедливо најатрактивните и најтргуваните акции на Македонска берза. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Кои банкарски акции забележаа висок пораст на вредноста во месец јули?

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец јули 2021 година. (more…)

Продолжи со читање



Популарно