Connect with us

Форекс

Нафтата поевтини на светските берзи

Објавено

на

Светските пазари на капитал денеска растат, а најмногу зајакнаа акциите на берзата во Хонг Конг, додека нафтата поевтини.

Главниот берзански индекс во Хонг Конг, Ханг Сенг, скокна за 2,41 проценти до попладневното тргување по локално време, поттикнат од растот на цените на акциите на кинеските технолошки гиганти Тенцент и Алибаба за 3,45 проценти, односно 5,54 проценти, јави “CNBC”.

Јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 0,93 проценти, а Топикс порасна за 0,22 проценти. Јужнокорејскиот Коспи напредуваше за 1,73 проценти, а тајванскиот Тајекс за 1,83 проценти.

Акциите во Австралија исто така пораснаа, при што индексот S&P/ASX 200 порасна за 0,63 проценти.

Најширокиот берзански индекс на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските, забележа раст од 1,52 проценти.

Берзите во континентална Кина и денеска се затворени поради празници.

На берзата во Њујорк, индустрискиот индекс Дау Џонс се зголеми за 102,32 поени на 34.416,99 поени во текот на ноќта, а S&P 500 зајакна за 0,41 проценти, на 4.363,55 поени. Технолошкиот Насдак Композит забележа раст од 0,47 отсто на 14,501,91 поени.

Закрепнувањето на акциите на Волстрит е резултат на зголемениот оптимизам во однос на договорот за зголемување на плафонот на американскиот долг. Тргувањето на глобалните берзи е разнишано од почетокот на октомври поради стравот на инвеститорите од зголемените каматни стапки и инфлација.

На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на кошницата на ривалите, изнесуваше 94.226 поени, откако неодамна порасна од нивото под 94.2 поени.

Јапонскиот јен се тргуваше по 111,41 јени за долар, зајакнувајќи малку од вчерашното ниво од над 111,6 јени.

Цените на нафтата ослабнаа во попладневното тргување во Азија, при што фјучерсите на нафтата од типот Брент паднаа за 0,52 проценти на 80,66 долари за барел, додека американските фјучерси на нафтата WTI паднаа за 0,97 проценти на 76,68 долари за барел.

Форекс

Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Изработката на првите банкноти се одвивала рачно, симболите го отсликуваат нашето културно-историско минато

Објавено

на

Секој симбол на македонската банкнота си има свое посебно значење и ја отсликува нашата историја со која можеме да се гордееме. За изработката на првите бонови беше потребно многу време. Имав многу непроспиени ноќи, но и голема одговорност, вели дизајнерот на првите македонски пари Борче Тодороски за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Како влијаеше одлуката на ФЕД за зголемување на каматните стапки врз инвеститорите на Волстрит!?

Објавено

на

На њујоршки Волстрит во средата берзанските индекси силно пораснаа, откако американската централна банка Federal Reserve (ФЕД) ги зголеми клучните каматни стапки како и што се очекуваше, а нејзиниот претседател Џером Пауел порача дека во иднина темпото на растот на каматите би можело да биде забавено. (more…)

Продолжи со читање


Популарно