Connect with us

Останато

Нафтата за осум месеци ќе достигне цена од 120 долари за барел

Објавено

на

Американскиот банкарски гигант „Bank of America“ предвидува дека цената на нафтата „брент“ ќе достигне 120 долари за барел, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори од банката.

Банкарските аналитичари од „Bank of America“ очекуваат цената на суровата нафта од типот „брент“ да се зголеми на 120 долари за барел до крајот на јуни 2022 година.

Досега неколку трговци со нафта изјавија дека цената од 100 долари за барел е се поблиску. Ова се случува во услови на силна побарувачка, која ја надминува понудата, и забавување на инвестициите во нови извори на производство, што се заканува да овозможи пресушување на резервите.

Во исто време, зголемувањето на побарувачката за бензин, како и обновувањето на дестилатите како што се дизелот и авионското гориво, плус ограничувањата на капацитетот за рафинирање, би можеле да го забрзаат растот во 2022-ра година, додаваат аналитичарите.

Во меѓувреме, сортата Брент повторно се приближува до прагот од 85 долари за барел. За време на тргувањето на Волстрит во понеделникот, неговите фјучерси пораснаа за 0,9% до 84,48 долари за барел.

Американската сорта „WTI“, пак, додаде 0,2% на својата цена на 83,72, намалувајќи ја разликата со Брент.

Останато

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, на 11-ти ноември се одржа Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 470 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 130 лица со онлајн присуство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно