Connect with us

Домашни банки

Насоки и препораки од Стопанска банка а.д. Битола за превенција од ширењето на коронавирусот

Објавено

на

Стопанска банка а.д. Битола ги известува своите клиенти дека следејќи ги мерките и препораките на институциите, со цел намалување на можностите за пренесување на вирусот Ковид 19 и истовремено посветувајќи особено внимание и грижа за здравјето на клиентите и вработените апелира:

  • Избегнувајте користење на денарска, а особено девизна готовина, бидејќи тие не се платежно средство во нашата земја, доаѓаат од меѓународниот платен промет и претставуваат дополнителна опасност од зараза;
  • Користете платежни картички. Сите платежни картички на Банката се бесконтактни и можете да платите само со доближување до терминалот без да имате дополнителен контакт;
  • Вршете онлајн плаќања и сите финансиски активности кои можете извршувајте ги преку дигиталните сервиси на Банката;
  • Со низа погодности за безбедно и брзо плаќање ви се достапни мобилната апликација BANK2GO и електронското банкарство на Банката;
  • Готовина подигнувајте на некој од АТМ-ите на Банката и согласно сите препораки на институциите, експозитурите посетувајте ги само во случај на неопходност;
  • Сите прашања кои ги имате може да ги поставите преку е-маилот stbbt@stbbt.mk или преку Facebook страната на Стопанска банка а.д. Битола;
  • Одговорните лица се достапни на некој од телефонските броеви на експозитурите кои можете да ги најдете на веб страната на Банката;
  •  Стопанска банка а.д. Битола Ве потсетува дека сите банки заедно со Народната Банка подготвуваат решение со цел да се олесни товарот на компаниите и населението и работат единствено во корист на клиентите;
  • Вашите пари се целосно безбедни во Банката и Ви стојат на располагање во секое време.

Чувајте се и бидете одговорни за вашето и здравјето на сите околу вас.

Домашни банки

ИутеКредит со навремена уплата на данок на добивка од 7,7 милиони денари

Објавено

на

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија со своето две и пол годишно постоење и делување на македонскиот пазар настојува да придонесе во економијата и ликвидноста на државата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 10,5 милиони денари

Објавено

на

Во услови на справување со актуелната сериозна опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, поддржувајќи ги препораките и мерките на Владата, ТТК банка АД Скопје денес изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година во износ од 10.460.780 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Јавна понуда од НЛБ Банка за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти – физички лица

Објавено

на

Со цел полесно надминување и ублажување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на COVID-19, НЛБ Банка објави ПОНУДА за поддршка на сите свои клиенти, физички лица преку посебни услови за олеснување на отплатата на сите кредитни изложености. (more…)

Продолжи со читање

Популарно