Connect with us

НБРМ

Народна банка: Со укинувањето на дозволата, престанаа нашите надлежности кон Еуростандард банка АД Скопје

Објавено

на

Народна банка се огласи попладнево во врска со јавниот повик на бизнисменот Трифун Костовски, кој побара поддршка за спас на Еуростандард банка.

Со донесувањето на решението за укинување на дозволата за основање на работење на банка, банката престанува со работа и со тоа престануваат надлежностите на Народна банка, велат од Кабинетот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за јавниот повик на најголемиот акционер на „Еуростандард банка“ АД Скопје кој побара поддршка да се повлече одлуката за стечај на банката.

Во врска со текстот од г. Трифун Костовски, објавен денес од повеќе медиуми, Народната банка известува:

„Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.

Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.”, се вели во соопштението на Народната банка.

НБРМ

Народна банка: Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври

Објавено

на

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година. Имено, според податоците на Народната банка каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68% и бележи месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 0,98% од претходниот месец, додека на годишна основа забележа пад од 0,30 процентни поени. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика ќе остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување

Објавено

на

Препораката за монетарната политика во глобални рамки е да остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување сѐ додека трае фазата на неизвесност, но и фазата во која пандемијата ќе биде ставена под контрола. И ние како централна банка ќе се водиме од ваквата препоракаама водејќи сметка и за специфичноста на нашата монетарна стратегија и одржувајќи го девизниот курс како номинално сидро. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно