Connect with us

НБРМ

Народна банка со кривични пријави против поранешните одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје

Објавено

на

Оштетените штедачи од Еуростандард банка АД Скопје остварија повторна средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот Фатмир Битиќи.

На состанокот, оштетените штедачи од Еуростандард банка АД Скопје побараа од премиерот Заев да издејствува носење на закон со којшто државата ќе ги превземе побарувањата од физичките и правни лице депоненти на Еуростандард Банка и ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

Премиерот, и покрај првично изразената волја да се помогне, сега изјави дека тоа е спротивно на законските норми кои важат во нашата земја и дека државата неможе да ги обештети оштетените физички и правни лица на Еуростандард Банка преку закон затоа што такво мислење добил од меѓународните финансиски институции.

Воедно, на состанокот премиерот Зоран Заев ги увери претставниците на оштетените штедачи дека надлежните институции, меѓу кои и Народната банка веќе имаат покренато кривични пријави против поранешните одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега банка во стечај.

Народната банка потврдува дека до Јавното обвинителство веќе има поднесено кривична пријава против одговорните лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје.

„Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај.

Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите.

Заради карактерот на постапката и почитувајќи ги надлежностите на Јавното обвинителство и правото на пресумпција на невиност, во овој момент, Народната банка не би можела да сподели подетални информации.”, велат од Народната банка.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

Објавено

на

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Извршниот директор во ММФ, Де Ланој: Народната банка правилно постапи со одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“

Објавено

на

Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики. Одземањето на дозволата на „Еуростандард банка“ покажува дека Народната банка е подготвена да преземе навремени корективни супервизорски активности за да се обезбеди целокупната стабилност на финансискиот систем. (more…)

Продолжи со читање

Популарно