Connect with us

НБРМ

Народна банка: Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во октомври

Објавено

на

Народната банка објави дека на годишна основа, вкупните депозити забележаа раст од 5,5 проценти, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите. Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,7 проценти, што произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора.

Според анализите на централната банка, најзастапените категори кредити за физички лица – потрошувачките и станбените, во октомври забележале зголемување од 0,4% и 1,1 проценти, како и годишен раст од 8,8% и 14,2 проценти. Кај автомобилските кредити, пак, е остварен месечен и годишен пад од 2,6% и 9,8 проценти, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,5 проценти и 3,6%, на месечно и годишно ниво.

Во октомври, негативните салда на тековните сметки бележат месечен раст од 3,3%, додека на годишна основа се намалени за 9,2 отсто. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен и годишен пад од 0,7 и 6,8 проценти.

Како што соопшти Централната банка, паричната маса забележа месечен пад од 0,2 проценти што во целост произлегува од намалувањето на депозитните пари, во услови кога готовите пари во оптек, долгорочните депозити до две години и краткорочните депозити остварија раст на месечна основа. Паричната маса на годишна основа е зголемена за 7,3 проценти, во најголем дел како резултат на растот на депозитните пари, при помал раст на готовите пари во оптеки краткорочните депозити, додека долгорочните депозити до две години забележаа пад.

Кај вкупните депозити е остварен пад од 0,2% на месечна основа, кој во поголем дел се должи на намалувањето кај депозитите на секторот „домаќинства“, при поумерено намалување и кај депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 5,5 проценти, како резултат на зголемувањетона депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“.

Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3% што целосно се должи на повисокото кредитирање на„домаќинствата“, при пад на кредитирањето на корпоративниот сектор. Годишната стапка нараст на кредитите изнесува 6,7 отсто и е под влијание на зголеменото кредитирање на двата сектора, со повисокоучествона секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври се намалени за 0,1 отсто. Надолната месечна промена произлегува од падот кај депозитните пари и краткорочните депозити во денари, во услови нарасткај останатите компоненти. Во споредба со истиот период од претходната година, растот на депозитите изнесува 6,9 проценти и се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад на краткорочните и долгорочните депозити во денари.

„Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор забележаа минимален месечен пад од 0,1%, што е резултат на намалените кредити одобрени во странска валута, додека кредитите во денарибележат раст. Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 4,4 проценти, како резултат на зголеменото кредитирање воденари и странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута”, стои во соопштението на НБРСМ.

Во октомври, вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен пад од 0,2 проценти, што во поголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, при остварен пад и кај долгорочните и краткорочните депозити во денари, во услови на раст на долгорочните и краткорочните депозити во странска валута. Нагодишна основа е остварена стапка на раст од 5,6% што произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, додека останатите компоненти бележат пад.

Кај вкупните кредити на домаќинствата, во октомври е евидентиран месечен и годишен раст од 0,7% и 9 проценти соодветно. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити (учество од 81,9 и 73,1 проценти, соодветно), соопшти Народната банка.

НБРМ

Народна банка: Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври

Објавено

на

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2020 година. Имено, според податоците на Народната банка каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,68% и бележи месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,37 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 0,98% од претходниот месец, додека на годишна основа забележа пад од 0,30 процентни поени. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика ќе остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување

Објавено

на

Препораката за монетарната политика во глобални рамки е да остане релаксирана за да го поддржи економското закрепнување сѐ додека трае фазата на неизвесност, но и фазата во која пандемијата ќе биде ставена под контрола. И ние како централна банка ќе се водиме од ваквата препоракаама водејќи сметка и за специфичноста на нашата монетарна стратегија и одржувајќи го девизниот курс како номинално сидро. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Состанок со новиот извршен директор во ММФ, Хилберс: Професионализмот и високите стандарди во работењето на централната банка се клучни за ММФ

Објавено

на

„Претставувајќи ја Конституенцата на којашто припаѓа Северна Македонија ќе се залагам ММФ и натаму да дава силна поддршка за вашата земја, во спроведувањето на реформите и во активностите за надминување на актуелната криза којашто е глобален предизвик.“ – истакна новиот извршен директор во ММФ, Пол Хилберс –  член на Извршниот одбор на ММФ и задолжен за нашата земја, на првиот состанок со раководството на Народната банка, по започнување на неговиот мандат. (more…)

Продолжи со читање

Популарно