Connect with us

НБРМ

Народна банка: Просечната каматна стапка на вкупните кредити 4,35%, на депозитите 0,71 проценти

Објавено

на

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71 проценти, информира Народната банка во соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците.

Според Народната банка, во јануари годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечен пад од 0,02 п.п. и изнесува 4,35 проценти. На годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните кредити е намалена за 0,27 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,03 п.п. и 0,22 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јануари, изнесува 3,84 проценти и остварила месечен раст од 0,23 п.п., додека на годишна основа е пониска за 0,14 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, бележи месечно и годишно намалување од 0,17 п.п. и 0,09 п.п., соодветно и изнесува 0,53 проценти.

Во јануари, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата оствари месечно намалување од 0,02 п.п. и изнесува 5,16 проценти. Притоа, според НБ, падот е резултат на намалувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно) и пад на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена
за 0,29 п.п. на годишно ниво.

Минатиот месец каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата се намалила за
0,02 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,70 проценти. Падот е одраз на намалените каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,03 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се непроменети. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата бележи годишно намалување од 0,19 п.п.

„Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во јануари, забележа месечно намалување од 0,32 п.п. и се сведе на 0,58 проценти. Надолната промена се должи на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,39 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,17 п.п.). Овој месец не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматната стапка се намали за 0,08 п.п”, информираат од Народната банка.

Податоците на Народната банка покажуават дека во јануари, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор оствари месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 3,45 проценти. Притоа, од НБРСМ појаснуваат дека падот е резултат на намалувањето на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,03 п.п., соодветно), при минимален пад и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е пониска за 0,26 п.п. на годишна основа.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, е зголемена за 0,26 п.п. на месечно ниво и изнесува 3,48 проценти. Нагорната промена произлегува од растот на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,34 п.п. и 0,04 п.п., соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута бележат намалување (за 0,19 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,12 п.п.

„Јануарската каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,88%, по остварен месечен пад од 0,04 п.п., којшто се должи на пониските каматни стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), во услови на минимален раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Во споредба со истиот месец минатата година, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари пад од 0,34 п.п”, велат од НБ.

Нивните податоци покажуваат и дека каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,42 проценти и е зголемена за 0,13 п.п. на месечна основа. Анализирано според структурата, зголемувањето се должи на растот на каматните стапки на депозитите во странска валута и на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,52 п.п. и 0,10 п.п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула бележат пад (за 0,21 п.п.). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,02 п.п.

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Објавено

на

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање


Популарно