Connect with us

НБРМ

Народна банка: Продолжува трендот на пад на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 5,13 отсто, што претставува месечен и годишен пад од 0,02, односно 0,36 процентни поени, пишува во извештајот на Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 1,38 отсто од претходниот месец, додека на годишно ниво забележа пад од 0,04 процентни поени.

„Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечно намалување од 0,07 процентни поени и изнесува 4,61 отсто, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,24 процентнипоени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,10 отсто и на месечна и годишна основа се намали за 0,17,односно за 0,44 процентни поени“, соопштуваат од Народната банка.

Просечната каматна стапка, пак, на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во август, забележа пад од 0,04 процентни поени и изнесува 4,38 отсто. Притоа, надолната промена, велат од НБ, се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 и 0,03 процентни поени), во услови на непроменета каматна стапка на кредитите во странска валута. Споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,43 процентни поени.

„Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,22 отсто, што преставува месечен пад од 0,02 процентни поени. Падот се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,21 и 0,04 процентни поени), во услови на раст на каматната стапка на кредитите во странска валута (за 0,20 процентни поени). Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи намалување од 0,36 процентни поени во однос на август минатата година“, пишува во извештајот на Народната банка.

По три месеци непроменето ниво, каматната стапка на вкупните депозити накорпоративниот сектор се намали за 0,03 процентни поени и во август изнесува 1,58 отсто. Надолната месечна промена во целост произлегува од падот на каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,19 процентни поени), при непроменета каматна стапка на депозитите во странска валута и раст на каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 процентни поени). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,02 процентни поени.

„Во август годинава, просечна каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,89 отсто, што преставува пад за 0,33 процентни поени во однос на претходниот месец. Падот е резултат на надолното поместување кај сите компоненти во рамките на оваа категорија: каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула, каматната стапка на депозитите во странска валута и каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,44, 0,14 и 0,02 процентни поени). Во споредба со август минатата година, оваа каматна стапка бележи годишен пад од 0,60 проценти поени“, се додава во на Народната банка.

Според Народната банка, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во август, изнесува 5,84 отсто и забележа месечен пад од 0,02 процентни поени. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти во оваа категорија, и тоа кај каматните стапки на кредитите одобрени во странска валута (за 0,03 процентни поени) и кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,02 процентни поени). Гледано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,34 процентни поени.

Кај просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата е остварен пад од 0,05 процентни поени на месечна основа и таа изнесува 5,22 отсто. Притоа, месечниот пад во целост произлегува од надолната промена кај каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,11 процентни поени), додека каматните стапки на девизните кредити и денарските кредити со валутна клаузула оствариле раст (за 0,14 и 0,01 процентни поени). На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа намалување за 0,13 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, како што посочуваат од НБ, овој месец, не забележа месечна промена и се задржа на нивото од 1,35 отсто. Оваа каматна стапка на годишна основа е намалена за 0,05 процентни поени.

„Во август, кај просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата е забележан месечен пад од 0,07 процентни поени, со што таа се сведе на нивото од 1,23 отсто. Надолната промена произлегува од падот на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,04 и 0,02 процентни поени), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи пад за 0,36 процентни поени, споредено на годишна основа“, потенцираат од Народната банка.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

Објавено

на

Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија, оценува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуа за австралиското радио СБС и за е-магазинот „Анторис“. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Како изгледаше објектот на Народната банка пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година!?

Објавено

на

Објектот во кој работеше централата на Народната банка беше еден од најубавите и најголемите згради во тоа време, лоциран во срцето на градот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно