Connect with us

НБРМ

Народна банка: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, кај депозитите е непроменета

Објавено

на

Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, а просечната каматна стапка на вкупните депозити е непроменета на месечна основа, покажува најновото соопштение на Народната банка за позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците.

Според најновите податоци што ги објави Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити во април годинава изнесувала 4,86 проценти, со што продолжи трендот на нејзин месечен и годишен пад, од 0,03 п.п. и 0,37 п.п., соодветно.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,11% и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е намалена за 0,30 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во април изнесува 3,77% и бележи пад од 0,35% во споредба со претходниот месец, додека пак на годишна основа бележи пад од 0,94 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новопримените депозити во април изнесува 0,61% и бележи раст од 0,07% во споредба со месец март, додека пак на годишна основа бележи пад од 0,66 процентни поени.

НБРМ

Народната банка е добитник на наградата на „Комерцбанк“ за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери

Објавено

на

Народната банка е добитник на наградата на една од водечките меѓународни деловни банки во Европа, „Комерцбанк“, за 2019 година, за одличен квалитет при обработката на комерцијалните плаќања и финансиските трансфери. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

Популарно