Connect with us

НБРМ

Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

Објавено

на

Народна банка информира дека во јуни, вкупните депозити се зголемија за 1,4%, на месечно ниво, што се должи на растот на депозитите кај двата сектора, со малку поизразено учество на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 8,4%, под влијание на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголемо учество на депозитите на секторот „домаќинства“.

Во јуни, вкупните депозити на корпоративниот сектор, остварија раст од 2,5% на месечна основа. Притоа, растот во најголем дел се должи на зголемувањето на депозитните пари, при помал, но позитивен придонес и на краткорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на останатите компоненти. Годишната стапка на раст изнесува 11,2% и во поголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари.

Вкупните депозити на домаќинствата, во јуни, се зголемија за 0,8% на месечно ниво, главно како резултат на растот на депозитните пари, како и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата се зголемени за 8,7%, пред сè поради повисоките депозитни пари, како и краткорочните депозити во странска валута.

Вкупните кредити, во јуни, забележаа месечен раст од 1,4%, којшто произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, со малку поизразено учество на корпоративниот сектор. Годишниот кредитен раст изнесува 6,6% и се должи на повисоките кредити на двата сектора, при поголем придонес на секторот „домаќинства“. Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во јуни е забележан раст од 7,9%, на годишно ниво.

Кредитите на корпоративниот сектор, во јуни годинава, бележат месечен и годишен раст од 1,5% и 4,6%, соодветно. Притоа, најголем придонес кон месечниот раст имаат одобрените кредити во денари, додека годишниот раст произлегува од одобрените кредити во денари и во странска валута, со поголемо учество на кредитите во странска валута. Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јуни изнесува 6,4%.

Во јуни, вкупните кредити на домаќинствата забележаа месечен раст од 1,3%, којшто во најголем дел произлегува од денарските кредити. Годишниот раст изнесува 8,8% и се должи на зголемените кредити во денари и странска валута, при поголем придонес на кредитите во денари. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јуни изнесува 9,6%.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарните мерки придонесуваат за солиден раст на кредитната поддршка

Објавено

на

Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за емисијата „Актуелно“ на Македонското радио. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Македонската економија ја минува ковид-кризата со посилни фундаменти во споредба со глобалната финансиска криза од 2008 година

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска учествуваше на 86. издание на Ист жур фиксе“ – настан во организација на Централната банка на Австрија, којшто оваа година, заради околностите со пандемијата се одржа во виртуелен формат. На настанот, фокусот секогаш е ставен на актуелни теми и прашања за централнобанкарската заедница, а годинешното издание беше на тема „Се за ковид-19 – геополитички, економски и макрофинансиски перспективи на земјите од Западен Балкан. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за МРТ: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

Објавено

на

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно