Connect with us

НБРМ

Народна банка: Продолжува растот и на депозитите и на кредитирањето

Објавено

на

Народна банка информира дека во јули, вкупните депозити се зголемија за 0,3%, на месечно ниво, што се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 7,9%, под влијание на зголемувањето на депозитите кај двата сектора, со поголемо учество на депозитите на секторот „домаќинства“.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во јули се намалија за 0,7% на месечно ниво. Надолната промена во целост се должи на падот кај краткорочните и долгорочните депозити во денари, во услови на раст кај краткорочните и долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари. На годишно ниво, депозитите се зголемени за 9,0%, како резултат на растот на депозитните пари и депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни), при забележан пад кај депозитите во денари (краткорочни и долгорочни).

Во јули, вкупните депозити на домаќинствата бележат месечен раст од 0,4%, кој се должи на повисоките краткорочни депозити во странска валута и депозитни пари, во услови на пад кај останатите компоненти. Годишниот раст изнесува 8,4%, како резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните и долгорочни депозити во странска валута, при забележан пад кај долгорочните и краткорочните депозити во денари.

Во јули, кај вкупните кредити е забележан пораст од 0,7%, главно под влијание на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“ (учество во промената од 97,3%). На годишно ниво, вкупните кредити се зголемени за 8,2%, во услови на раст на кредитите кај двата сектора, кој е поизразен кај секторот „домаќинства“. Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во јули е забележан раст од 8,3%, на годишно ниво.

Во јули, нема промени кај кредитите на корпоративниот сектор на месечна основа, при зголемено кредитирање во денари и пад на кредитите во странска валута. Годишниот раст од 7,1% се должи на зголемените кредити во денари и странска валута, со поизразено учество на кредитите во денари. Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во јули изнесува 7,1%.

Кај вкупните кредити на домаќинствата, овој месец е остварен месечен и годишен раст од 1,3% и 9,4%, соодветно. Анализирано според валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголем придонес кон растот на месечна и на годишна основа. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај домаќинствата во јули изнесува 9,7%.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно