НБРМ
Народна банка: Продолжува Проектот за финансиска писменост со ИНФЕ-ОЕЦД, Министерство за финансии на Холандија и Money Wise

Продолжува јакнењето на капацитетите на Народната банка и финансиските регулатори (Министерство за финансии, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурувањето и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување) во полето на финансиска едукација, преку соработка со еминентни финансиски институции.
Започнува втората фаза на Проектот за финансиска писменост на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и нејзината Меѓународна мрежа за финансиска едукација (ИНФЕ), спроведен со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Холандија и неговата Money Wise платформа[1] којашто ќе се одвива во следниот петгодишен период, од 2023-2027 година. Главниот приоритет на втората фаза е да ги поддржи земјите да го подобрат нивото на финансиска писменост на нивното население преку поддршка при утврдувањето и имплементацијата на домашните стратегии и политики за финансиска писменост, со нудење изработка на анализи, извештаи и препораки за градење капацитети приспособени на соодветните институционални потреби и стратешките приоритети.
Со проектот, покрај нашата земја, ќе бидат опфатени и Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грузија, Молдавија, Црна Гора, Романија и Украина. Преку проектните активности ќе се обезбеди можност за пристап до експертиза од регионот и пошироко за актуелни прашања од областа на финансиската писменост и ќе се покренат ефикасни иницијативи за финансиска едукација кои произлегуваат од најдобрите меѓународни практики и искуство.
Во рамки на првата фаза на Проектот (2018-2021 година), од страна на Народната банка, а во соработка со останатите финансиски регулатори, беше изработена првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија (за 2021-2025 година). Беше изработен и Кодекс на добри практики за финансиска едукација, како и Рамка на основните компетенции за финансиска едукација. Воедно, воспоставена е мрежа на субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор, вклучени во областа на финансиска едукација и инклузија. Во рамки на првата фаза, меѓу другото, од страна на ИНФЕ-ОЕЦД беа собрани податоци за нивото на финансиска писменост на возрасното население, а беше спроведена и анкета за финансиската писменост на микро, мали и средни претпријатија. Овие мерења создадоа основа за натамошни активности во областа на финансиската писменост, кои ќе продолжат и во втората фаза од проектот.
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Резултати од монетарната политика се големата доверба во домашната валута и забавувањето на инфлацијата

Резултатите од монетарната политика што ја води Народната банка ги гледаме во забавувањето на инфлацијата, големата доверба во домашната валута, но и во умереното забавување на кредитната активност за да не се предизвика голем шок во економијата. Ова го истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, при гостувањето на „Блумберг Адрија“. (more…)
НБРМ
Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини

На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, беше организирана донаторска акција за подобрување на условите за изведување на образовниот процес за децата од селото Дреновци. Вработените во Народната банка масовно се вклучија и одговорија на повикот за донација, којшто беше поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село. (more…)
НБРМ
Зоран Пановски од Народната банка: Финансиската едукација и соодветната информираност на инвеститорите придонесува за развој на домашните финансиски пазари

Директорот на Дирекцијата за операции на финансиските пазари, Зоран Пановски, учествуваше на Регионалната конференција за техничка анализа на финансиските пазари во организација на Здружението на пазарни техничари од Јужна и Источна Европа – СЕЕМТ. (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- НБРМпред 2 months
Народната банка ќе мора да направи план за спас на секоја банка во земјава
- Домашни банкипред 2 months
НЛБ Банка оствари нето добивка од 23,5 милиони евра во првите шест месеци од 2022 година