Connect with us

НБРМ

Народна Банка: Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 проценти

Објавено

на

Основната каматна стапка останува на ниво од 1,25 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчера одржаната седница на која биле разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во однос на поставеноста на монетарната политика.

На седницата е оценето дека нивото на основната каматна стапка соодветствува на тековните економски и финансиски услови.

„Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата. На седницата беше оценето дека тековната ликвидност на банкарскиот систем е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари”, информира денеска Народната банка.

Во однос на макроекономските показатели во домашната економија не се забележани позначителни отстапувања, но, како што велат од Народната банка, неизвесноста и ризиците од понатамошниот тек на пандемијата предизвикана од ковид-19 и понатаму постојат.

Позитивниот раст на Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал, според Народната банка, произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, при негативен придонес на нето-извозот, што е во согласност со очекувањата.

„Високофреквентните податоци за третиот квартал од 2021 година со кои се располага во моментов се делумни и се недоволни за согледување на состојбите во целина. Имено, податоците за јули покажуваат натамошен значителен реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, при извесно стабилизирање на движењата кај индустриското производство на годишна основа”, велат од Народната банка.

Во однос на инфлациските движења, во периодот јануари ‒ август, во просек годишниот раст на цените изнесувал 2,7 проценти. Во овој период, позначителен раст е забележан кај цените на маслото и цените на нафтените деривати, што е предизвикано од движењата на светските берзи, а дополнително влијание имале и зголемувањата од административната и регулаторната природа, како и повисоките цени во рестораните и хотелите, што делумно било поврзано и со мерките за спречување на ширењето на ковид-19.

„Остварувањата кај инфлацијата се нешто повисоки од очекувањата, при што и натаму е нагласена неизвесноста во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период”, наведува НБ.

Девизните резерви, според НБ, се на соодветното ниво и во сигурната зона. Во периодот јули – август, остварен е откуп на девизи од страна на Народната банка согласно со поволните движења на девизниот пазар, отплатена е еврообврзницата издадена во 2014 година и распределени се 160 милиони евра од специјалните права на влечење од страна на ММФ. На збирна основа, растот на девизните резерви од почетокот на годината е нешто повисок од очекуваниот според априлските проекции.

Трговскиот дефицит во јули е нешто повисок од очекуваниот за третиот квартал од годината, но периодот на оцена, велат од НБ, е премногу кус за носење попрецизни заклучоци.

„Последните расположливи податоци за менувачкото работење укажуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи од приватни трансфери од очекуваните за третиот квартал од 2021 година”, велат од централната банка.

Движењата во рамки на монетарниот сектор се солидни, а според првичните податоци за август, годишните стапки на раст на вкупните депозити и на вкупните кредити се над проектираните за третиот квартал на 2021 година, согласно со априлската проекција.

Ликвидноста на банкарскиот систем во домашна валута е на релативно стабилно и високо ниво.

„Показателите за остварувањата на девизниот пазар упатуваат на натамошно нормализирање на понудата на девизи од менувачниците и физичките лица на преткризните нивоа. Овие пазарни движења, придружени со солидната девизна ликвидност на банките во август, придонесоа за зголемување на понудата на девизи и следствено, за интервенции на Народната банка за откуп на вишокот девизи од банкарскиот систем, во износ од 30,7 милиони евра”, информира НБ.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23%

Објавено

на

Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии. Народната банка досега презеде повеќе активности за таа цел, вклучително и определување на зелените финансии како стратегиска цел и пристапување кон меѓународната Мрежа за зелени финансии. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Обединетите нации: „Како да се обезбеди финансирање на одржливиот развој“, на панел-дискусијата „Што можат да направат банките и компаниите за одржливиот развој?“ (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 41. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 41. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 22 декември. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 7 декември. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Започнаа Деновите на финансиската писменост: Народната банка со презентации за сите заинтересирани граѓани

Објавено

на

Денес започна петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, Народната банка упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за присуство на едукативни презентации преку видеоконференциска врска. (more…)

Продолжи со читање



Популарно