НБРМ
Народна банка: Одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ е донесена заради неисполнување минимални законски услови за работа на банка

Во насока на точно информирање на јавноста, имајќи ги предвид невистинитите информации коишто во изминатиот период во неколку наврати беа пласирани во врска со укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, како и невистините за банкарскиот систем и за работењето на Народната банка, од централната банка уште еднаш излегоа со соопштение за јавноста кое го пренесуваме во целост.
„Одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ е донесена согласно со Законот за банките, каде што се пропишани условите за работа во овој сектор. Одлуката е донесена заради неисполнување минимални законски услови за работа на банка.
Согласно со Законот за банките, за да се основа банка потребен е капитал од најмалку 310.000.000 денари, што сопствениците и банката во текот на своето работење се должни да го одржуваат или зголемуваат, но не смее да се намалува. Имајќи предвид дека секоја банка, покрај со сопствените средства располага и работи и со средствата на депонентите, со Законот е утврдена и минимална стапка на покриеност на пласманите на банката со сопствените средства, т.н. стапка на адекватност на капиталот од 8%.
Одлуката за укинување на дозволата на „Еуростандард банка“ како и сите други одлуки што ги носи Народната банка, произлегува исклучиво од примена на законите, согласно со утврдени процедури коишто се усогласени со најдобрите меѓународни практики. Стручните супервизорски тимови на Народната банка подготвуваат целокупна аналитичка инфраструктура, односно информации, анализи и предлози за постапување, врз основа на коишто се носи одлуката. На овој принцип е донесена и конкретната одлука што се однесува на „Еуростандард банка“.
На оваа одлука претходеа низа супервизорски мерки. Имено, поради слабостите во своето работење, „Еуростандард банка“ подолг период беше под засилен супервизорски надзор и беа изрекувани бројни супервизорски мерки, чија цел беше санирање на состојбите и опстанок на Банката, во насока на заштита на билансот на Банката, а со тоа и на депонентите. Една од мерките беше спроведување План за подобрување на состојбата со кој сопствениците се обврзаа да извршат дополнителна уплата на капитал.
Согласно со состојбата во Банката, единствено можно решение беше сопствениците да ја исполнат својата законска обврска и да вложат дополнителен капитал за да се исполни законски утврдената минимална стапка на адекватност на капиталот од 8%.
Заради неизвршената уплата на капитал од страна на сопствениците, а при поголеми загуби од работењето на Банката, со супервизорската контрола на Народната банка се утврди дека вредноста на капиталот и стапката на адекватност на капиталот на „Еуростандард банка“ се под законскиот минимум.
Народната банка во овој процес на супервизија и изрекување мерки за подобрување на состојбите во „Еуростандард банка“, во комуникацијата со сопствениците постојано укажуваше на потребата за исполнување на законската обврска и дополнително итно вложување на капитал во Банката. За жал, ниту од сопствениците на Банката, ниту од потенцијалниот инвеститор посочен од нивна страна, со кого Народната банка исто така имаше интензивна комуникација, не се обезбеди потребниот капитал за да се достигне законски утврдениот минимум. Воедно, потенцијалниот инвеститор не ја достави потребната документација за отпочнување на постапка за утврдување дали ги исполнува законските услови за акционер на банка.
Оттука, Народната банка немаше простор за никакво друго решение освен постапување согласно со законот и носење на решение за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“. Народната банка не смее да дозволи да продолжи со работа банка којашто не исполнува минимални законски услови.
Како што во повеќе наврати соопштивме, „Еуростандард банка“ е изолиран случај. Банкарскиот систем е стабилен и сигурен. Народната банка како независна институција ќе продолжи да работи професионално и да ги следи и спроведува домашната регулатива и најдобрите меѓународни практики.
Народната банка е постојано достапна за сите информации коишто се во нејзина надлежност.”, се вели во соопштението на Народната банка.
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)
НБРМ
Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје. (more…)
НБРМ
Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка