НБРМ
Народна банка на 23 и 24 март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива

Народната банка наредната недела, на 23 и 24 март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје.
Настанот прв пат се организира во Република Северна Македонија, и прв пат во земја која е надвор од Европската Унија.
Како што информира на денешниот брифинг со новинарите, Милица Арнаудова, советник во Канцеларијата на гувернерот, учество ќе земат преку 80 странски гости, високи претставници од меѓународните финансиски институции, гувернери на централни банки, вицегувернери, претставници од повеќе банки и домашни учесници. Учесниците доаѓаат од 14 земји од Европа.
Во текот на овогодишниот форум ќе бидат дискутирани поголем број на круцијални теми како клучните предизвици за монетарната и фискалната политика во време на инфлациски предизвици, предизвиците за банкарскиот сектор, зелена транзиција, финансиите во развој и новите технолошки решенија и други актуелни теми.
Виенската Иницијатива е рамка за заштита на финансиската стабилност за регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Иницијативата беше формирана за време на првиот бран на глобалната финансиска криза во јануари 2009 година. Таа ги обединува сите релевантни засегнати страни од јавниот и приватниот сектор активни во регионот. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европска инвестициска банка (ЕИБ). Меѓународен монетарен фонд (ММФ) и Светската банка и Европската комисија одиграа клучна улога во креирањето и понатамошниот развој на Виенската иницијатива.
Виенската иницијатива беше замислена како платформа за донесување одлуки и координација на активностите на сите релевантни чинители, која имаше за цел спречување системска банкарска криза и избегнување масовно и ненадејно раздолжување на банкарските групи присутни преку свои подружници и филијали во Централна и Југоисточна Европа.
Надградената рамка за соработка, Виенската иницијатива 2.0 се надоврзува на успехот на Виенската иницијатива 1.0. Целта на Виенската иницијатива 2.0 е да се постигнат практични резултати преку следење и известување за процесот на раздолжување меѓу банките, следење на стратегиите на матичните банки во регионот, нивната кредитна активност, следење на нивото на нефункционални кредити и мерките кои регулаторите во земјите во регионот ги преземаа заради справување со постикризното високо ниво нa нефункционални кредити.
„Од платформа која се очекуваше да делува привремено, прерасна во форум на кој на редовна основа се среќаваат носителите на одлуки од приватниот и јавниот сектор за да разменат искуства да разговараат за трендовите во финансискиот сектор, но и за поопшти макроекономски прашања”, сподели Арнаудова.
Во фокусот на овој форум се и други актуелни теми, како што се зелените финансии и влијанието на ризиците од климатските промени врз финансиската стабилност, современите трендови во финансиите, дигитализацијата, финтекот и слично.
Географската покриеност на Иницијативата се протега и надвор од границите на Европската унија и ги вклучува земјите од Централна и Југоисточна Европа. Виенската иницијатива 2.0 е предводена од Управен комитет, со кој претседава Борис Вујичиќ, гувернер на Хрватската централна банка. Виенската Иницијатива претходно има одржувано форуми во Сплит, Виена, Лондон, Луксембург, Варшава и Брисел.
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. (more…)
НБРМ
Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. (more…)
НБРМ
Народната банка ќе биде домаќин на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“

Народната банка ја има честа годинава да биде домаќин на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“ ‒ меѓународна рамка за соработка за одржување на финансиската стабилност во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ). Форумот ќе се одржи на 23 и 24 март во Скопје. Ова е еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, на кој сите релевантни чинители, меѓународните финансиски институции, европските финансиски институции, регулаторите и претставниците на приватниот финансиски сектор разговараат за идните насоки во политиките поврзани со банкарскиот сектор, но и за поопшти макроекономски прашања. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка