НБРМ
Народна банка: Каматните стапки на кредитите во јуни останаа ниски, умерено зголемување кај новопримените депозити

Народната банка денеска информира дека каматните стапки на кредитите остануваат ниски, а умерено зголемување е забележано кај каматните стапки на новопримените депозити.
„Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јуни бележи раст од 0,02 п.п. на месечна основа и изнесува 3,99 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,04 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечно и годишно зголемување од 0,21 п.п. и 0,44 п.п., соодветно и изнесува 0,97 проценти”, посочуваат од Народната банка.
Оттаму нагласуваат дека во јуни продолжил трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и изнесува 4,27 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 проценти.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. (more…)
НБРМ
Поголема транспарентност и поширок опфат на податоци од банките, како поддршка на финансиската стабилност

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, ја донесе Одлуката за објавување извештаи и податоци од страна на банките, со која се вршат позначителни промени за зголемување на опфатот на податоците коишто ги објавуваат банките и на фреквенцијата на објавите. Промените се однесуваат на зголемување на транспарентноста на банките, како кон супервизорските органи, така и кон јавноста. Со ова се врши натамошно усогласување со европските регулативи, но и со подзаконската банкарска регулатива донесена од страна на Народната банка во изминатиот период за зголемување на претпазливоста. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер