Connect with us

НБРМ

Народна банка: Еуростандард банка АД Скопје оди во стечај!

Објавено

на

На прес конференција за јавноста, Народната банка објави дека ја одзема дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје. 

Денес НБРСМ постапувајќи по Законот за банки, ја укина дозволата на Еуростандард банка, веќе од утре до надлежниот суд ќе биде доставен предлог за отворање стечај на Еуростандард банка.” – изјави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Директорот на Фондот за осигурување на депозити објави дека ќе бидат обесштетени 99,4% од вкупниот број на депоненти на банката, односно 136.619 клиенти во вкупна вредност од 4,4 милијарди денари или 71,5 милиони евра.

Согласно информациите кои се достапни, а беа обелоденети од страна на претставници на Народната банка, се дека Еуростандард банка не ги исполнила минималните услови за работа. Најголемата слабост на банката било неконтролираното преземање на ризик за кредитирање и големото издвојување на резервации за кредити кои не се враќаат навремено.

Согласно информациите со кои располага јавноста, во моментов во Еуростандард работат околу 170 вработени лица. Гувернерката на прес конференцијата објави дека очекува овие вработени кои се квалитетни, да бидат преземени од страна на останатите банки во земјава, по отпочнувањето на стечајната постапка.

 

Еуростандард банка денеска преку соопштение повика да прекинат шпекулациите, кои се на штета на банкарскиот систем.

НБРМ

Вицегувернерката Нацевска: Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција

Објавено

на

Сите показатели потврдуваат дека девизните резерви се во исклучително добра кондиција – на високо ниво и постојано се во сигурната зона. На крајот на септември изнесуваат 3 милијарди и 480 милиони евра, што е повеќе за близу 400 милиони евра во споредба со крајот на февруари, пред почетокот на ковид-кризата во нашата земја. Но, не само номиналниот износ, туку и релативните, меѓународно прифатени показатели за оцена на адекватноста водат кон констатацијата дека нивото на резервите е соодветно и обезбедува заштита на девизниот курс на денарот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска – Гир: Усогласеноста на земјата со стандардите на ЕУ во сферата на монетарната политика е на напредно ниво, благодарение и на целосната поддршка од ЕУ

Објавено

на

Позитивните оцени за Народната банка изнесени во годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на земјата во 2020 година и за напредната усогласеност со барањата на Европската Унија (ЕУ) во сферата на монетарната политика и законодавството од оваа сфера се многу важни за напредокот на земјата на патот кон ЕУ. Усогласувајќи се со европските стандарди, Народната банка покажува цврста решеност и подготвеност за натамошно пристапување кон Европскиот систем на централни банки. Во остварувањето на овие стратегиски цели, Европската комисија (ЕК) и многу централни банки од ЕУ ја поддржаа Народната банка преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување

Објавено

на

Народната банка склучи Договор за соработка со Европската централна банка (ЕЦБ) во сферата на заштитата на банкнотите во евра од фалсификување. Со ова се остварува уште еден чекор во исполнувањето на препораките од најновиот извештај на Европската комисија и се потврдува цврстата стратегиска определба на Народната банка за чекорење по патот кон Европскиот систем на централни банки. (more…)

Продолжи со читање

Популарно