Connect with us

НБРМ

Народна банка: Дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година

Објавено

на

Со цел правилно информирање на јавноста во однос на датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, Народната банка повторно укажува дека дозволата е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.

„Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал.” – севели во соопштението на Народната банка.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Монетарните мерки придонесуваат за солиден раст на кредитната поддршка

Објавено

на

Мошне важно е што преку досегашните мерки на Народната банка во текот на ковид-кризата се спречи намалување на кредитната поддршка, со цел и да се помогне на реалната економија, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за емисијата „Актуелно“ на Македонското радио. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Вицегувернерката Митреска: Македонската економија ја минува ковид-кризата со посилни фундаменти во споредба со глобалната финансиска криза од 2008 година

Објавено

на

Вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска учествуваше на 86. издание на Ист жур фиксе“ – настан во организација на Централната банка на Австрија, којшто оваа година, заради околностите со пандемијата се одржа во виртуелен формат. На настанот, фокусот секогаш е ставен на актуелни теми и прашања за централнобанкарската заедница, а годинешното издание беше на тема „Се за ковид-19 – геополитички, економски и макрофинансиски перспективи на земјите од Западен Балкан. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за МРТ: Не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци

Објавено

на

За оваа и за наредната година, па и среден рок не се очекуваат позначајни инфлациски притисоци, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за Македонската телевизија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно