Connect with us

НБРМ

Народна банка: Депозитите се најбезбедни во банките и штедилниците!

Објавено

на

Прогласувањето на вонредна состојба не подразбира промени во процесот на банкарското работење. Заштедите и во вакви околности се најбезбедни во банките и штедилниците и го имаат истиот статус како пред прогласувањето на вонредната состојба.

Дополнително, напоменуваме дека и во вонредна состојба, за депозитите се пресметува и добива камата, во согласност со договорот којшто клиентот го има со банката/штедилница, како што важат и сите други договорни одредби.

Оттука, не постои простор за загриженост бидејќи, и во периодот на вонредната состојба, депозитите ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите, како и претходно.

Од Народната банка велат дека и сите други услуги коишто ги нудат банките и штедилниците, на граѓаните и фирмите ќе им бидат достапни дури трае вонредната состојба. Работата на финансиските институции за коишто Народната банка е надлежен регулаторен и супервизорски орган го задржува својот континуитет и во овие привремено променети околности. Истовремено, информираме дека платниот промет се одвива непречено.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем има капацитет да испорача поддршка за населението и компаниите. Денарот е и ќе остане стабилен

Објавено

на

„Нашиот банкарски систем останува здрав и стабилен. Тој има капацитет да се справи со шоковите коишто ги предизвикува состојбата со коронавирусот.“ – истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за телевизијата 24. Последните расположливи податоци коишто датираат од почетокот на оваа година, како што посочи таа, потврдуваат висока капитализираност, висока ликвидност и висок квалитет на активата со којашто располага системот. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка уверува: Денарот е стабилен и нема промени на неговиот девизен курс

Објавено

на

Народната банка по вчерашните шпекулации за намалената вредност на денарот во однос на странските валути, утрово излезе со соопштение каде ги демантира овие наоди и вели дека граѓаните може да бидат спокојни бидејќи стабилноста на курсот била, е и ќе остане приоритет.

(more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Официјално: Банките и штедилниците може да ги олеснат кредитните услови за граѓаните и фирмите погодени од кризата

Објавено

на

Донесена е Уредбата со која се утврдува како банките и штедилниците можат во текот на вонредната состојба, на граѓаните и фирмите да им понудат одложување на исплатата на ратите и други поволности со коишто ќе им го олеснат сервисирањето на кредитите за време на корона-кризата. Уредбата е подготвена од Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација, со цел во текот на вонредната состојба, поедноставно и побрзо да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради корона-кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците. (more…)

Продолжи со читање

Популарно