НБРМ
Народна банка: Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво


Народната банка ги демантира информациите објавени на некои портали и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од централната банка. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани.
Во ова може секој да се увери доколку ја посети веб-страницата на Народната банка, каде секој ден се објавуваат овие податоци https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx и која е единствен релевантен извор на информации според којшто населението и фирмите може да го следат девизниот курс на домашната валута. Таа ги отсликува цените на валутите од реалните тргувања на домашниот девизен пазар.
Народната банка располага со низа инструменти со коишто ја гарантира стабилноста на денарот во однос на еврото. Девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво – двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на „Еуромани”: Главната цел на монетарната политика во криза е зачувување на стабилноста


Главната цел на монетарната политика за време на пандемијата, како и сега со новите предизвици коишто ги донесоа енергетската криза и војната во Украина е зачувувањето на стабилноста. Иако двете кризи се од различна природа и бараат различна реакција и поставеност на монетарната политика, крајната цел е иста ‒ зачувување на макроекономската стабилност. Ова беше истакнато од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата „Реобмислување на улогата на централните банки” во рамките на Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: И во светот и кај нас сѐ уште се очекува економски раст за годинава


Рецесија за годинава во моментот не се очекува. И покрај сите предизвици, сите релевантни меѓународни финансиски институции сепак предвидуваат економски раст, но забавен. Рецесија не се предвидува ниту со песимистичките сценарија на меѓународните институции, како ММФ, Европската Унија, Европската централна банка, туку дополнително забавување на растот, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за „Радио Слободна Европа“. Но, потребно е внимателно следење со оглед на природата на шокот и високата неизвесност. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска за РСЕ: Постепени и умерени промени во каматите за избегнување на негативните ефекти


Покачувањето на основната камата од страна на централните банки е сигнал за период на повисоки камати и на штедните влогови и на кредитите, што ќе придонесе за зголемување на штедењето и намалување на потрошувачката заради намалување на притисокот за раст на цените од страна на побарувачката. Повеќе централни банки почнаа со нормализирање на монетарната политика, којашто беше олабавена за време на пандемијата. Ова е резултат на подолготрајните и пораспространетите ценовни притисоци, коишто дојдоа преку цените на примарните производи на светските берзи, односно од страната на понудата. Најважно е затегнувањето на монетарната политика да оди постепено, за да се избегнат негативни ефекти од нагло зголемување на каматите, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Радио Слободна Европа“. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје