Connect with us

НБРМ

Народна банка: Во јули годишен раст од 2,3% на вкупните депозити и од 9,7% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во јули годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,3 проценти и во целост се должи на
повисоките депозити на секторот „домаќинства“, а вкупните кредити се зголемени за 9,7 проценти, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ).

На месечна основа, вкупните депозити бележат раст од 0,9%, поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор.

„Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се зголемени за 1,7% на месечна основа. Нагорната промена пред сè се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, со позитивен придонес и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при остварено намалување на депозитните пари. На годишна основа, остварен е пад од 2,9%, којшто произлегува од намалувањето на сите компоненти, освен краткорочните депозити во странска валута кои бележат раст.

Вкупните депозити на домаќинствата, се повисоки за 0,4% на месечно ниво. Промената се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад. На годишна основа е забележан раст од 5,2%, во најголем дел под влијание на повисоките краткорочни депозити во странска валута, при забележан раст и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, а при остварен пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари.”, нагласуваат од Народната банка.

На месечна основа, вкупните кредити се зголемени за 0,5%, како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, при малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор.

„Во јули, вкупните кредити на домаќинствата остварија месечен раст од 0,5%, во поголем дел под влијание на зголеменото кредитирање во странска валута, при раст и на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на домаќинствата бележат раст од 7,6%, којшто во услови на повисоки кредити во денари и во странска валута, е поизразен кај кредитирањето во денари.

Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 0,5%, во целост како резултат на повисоките кредити во странска валута, при забележан пад на кредитите во денари. Годишниот раст изнесува 12,1% и е резултат на зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, коешто е поизразено кај кредитите во денари.”, соопшти Народната банка.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2022/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2022_juli_mk.pdf

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 45. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 14 декември 2022 година (среда). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ објави Извештај за аранжманот ПЛЛ – високи оцени за монетарната политика, финансискиот сектор и банкарската супервизија

Објавено

на

Во најновиот извештај на ММФ во врска со одобрувањето средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност објавен на 28.11.2022 година се наведува дека Народната  банка постојано води соодветни политики и соодветно реагира на различни шокови, одржувајќи ја успешно стабилноста и бранејќи го девизниот курс на денарот. Во однос на финансиската стабилност, банкарскиот систем е добро капитализиран и отпорен на шокови. За ова, како што се наведува во Извештајот, придонесува и ефективната супервизија, којашто работи по високи меѓународни стандарди, има силна правна и регулативна рамка и соодветни оперативни практики. При спроведувањето на своите функции, Народната банка применува силни стандарди за одговорно работење и висок степен на транспарентност во работењето. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, со којашто се предвидуваат програмските активности преку кои ќе се придонесе за остварување на стратегиските цели на Народната банка

Објавено

на

Советот на Народната банка ја донесе Програмата за работа за 2023 година, во којашто се предвидени активности и нови проекти, а во функција на понатамошно успешно исполнување на поставените стратегиски цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно