Connect with us

НБРМ

Народна банка: Во февруари годишен раст од 6,1% на вкупните депозити и од 8,9% на вкупните кредити

Објавено

на

Вкупните депозити во февруари се зголемени за 6,1 проценти на годишна основа што се должи на зголемените депозити и кај корпоративниот сектор и кај домаќинствата, но со поголем придонес на домаќинствата. На месечно ниво се бележи пад од 0,4 проценти како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор и умерениот раст на депозитите на домаќинствата, информира Народна банка.

Кај кредитите се бележи раст од 8,9 проценти на годишно ниво како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, но повеќе изразено кај корпортивниот сектор. Кај кредитите има зголемување и на месечно ниво од 0,9 проценти.

Потрошувачките кредити за физичките лица се зголемени за 7,2 проценти на годишно ниво, а станбените кредити за 15,5 проценти. Намалување има кај автомобилските кредити од 15,6 проценти и кај кредитите одобрени на кредитни картички за 5,7 проценти на годишно ниво.

НБРМ

Средба Ангеловска-Бежоска со претставникот на ЕИБ, Бјорн Габриел: Зелените финансии станаа потреба

Објавено

на

Тековната криза е потсетник за потребата од постојано проактивно делување на полето на структурните реформи, како предуслов за поголема отпорност на економиите. Во овој контекст се и активностите за зајакнување на зеленото финансирање, односно поддршката на инвестициите во обновлива енергија, енергетска ефикасност, одржливо земјоделство и технолошки иновации. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народна банка: Во мај годишен раст од 2,4% на вкупните депозити и 9,9% на вкупната кредитна поддршка

Објавено

на

Во мај годинава вкупните депозити на годишна основа бележат раст од 2,4 проценти при зголемување на депозитите на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,9 проценти, како одраз на повисокото кредитирање кај двата сектора, коешто е поизразено кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 43. сесија на Клубот на истражувачите, којашто ќе се одржи на 30 јуни 2022 година. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 21 јуни 2022 година (вторник). (more…)

Продолжи со читање


Популарно